Голем број деца не знаат да направат основни работи по дома, а тоа секако им е потребно, бидејќи родителите не можат да бидат покрај нив секој момент.
Екеспертите велат, дека родителите на модерното време не ги учат своите деца на основните вештини, затоа што со нив поминуваат малку време, кое го користат со нив да играат, наместо да ги научат нешто корисно.
Токму заради тоа, издвоени се неколку корисни вештини, кои сите деца треба да ги научат..
1. Да направат јадење
Експертите велат дека децата на возраст околу 12 години би требало да умеат сами да ги купат потребните состојки и да подготват некое едноставно јадење, како омлет или шпагети.
2. Да направат колач
Секако, никој не очекува од децата да подготват торта на три ката, но би требало да знаат да направат некој едноставен колач. Освен тоа, времето кое ќе го поминете покажувајжи им како да го подготват ќе биде забавно и корисно потрошено време.
3. Да измијат садови
Родителите нема во секој момент да бидат покрај нив и да ги мијат садовите, затоа би требало да научат како тоа сами да го направат.
4. Да ја наместат собата
Како и да звучи ова, не е во нивен инерес секогаш вие да ја чистите нивната соба. Научете ги да избришат прашина, да исшистат со правосмукалка.
5. Да променат постелнина
Покажете им како тоа да го направат, еден ден ќе ви бидат благодарни, бидете сигурни во тоа.
Продолжува на страна 2