6. Да уклучат машина наместо вас
Тоа и не е некоја голема мудрост, но исто така, би требало да им се објасни кој програма на машината одговара за која облека.
7. Да ја здиплат облеката
Потребни се само неколку минути за да им објасните како да ја здиплат облеката или како да ја закачат на закачалка. И можеби ќе ви се чини дека нема потреба да ги учите на тоа, затоа што е лесно и вие тога го правите механички, но сепак потребно е да им се покаже.
8. Да пеглаат
Не санува збор само за тоа дека некогаш ќе можат да ви помогнат и да пеглаат наместо вас. Работата е во тоа што ако не ги научите како се прави тоа, ќе одат во училиште во истуткана облека, ако вие не сте дома да ги испеглате.
9. Едноставни поправки во домот
Не, не треба да ги научите да поправаат машина за перење алишта, на пример. Но, затоа многу е корисно да знаат како да сменат сијалица, да закачат сликата на ѕид. Покажете им како се користи алат, објаснете им ги основните работи за струјата.
10. Да ја сошијат облеката
Не знаат да сошијат копче или да закрпат дел на облеката, кој се искинал? Научете ги.
11. Да ги отстранат флеките
Шансите вашето или било кое дете никогаш во животот да не се исфлека се еднакви на нула. Затоа корисно е да ги научите на некои трикови, кои ќе им помогнат да ја исчистат флеката од облеката



















