КИНЕСКИ ХОРОСКОП ЗА 2019

5323

ЗАЈАК

Љубов: Оваа година ќе биде исполнета со бројни случувања, љубовни афери, а дури во втората половина од годината можете да очекувате стабилност, кога би можеле да ја сретнете својата сродна душа. Не избегнувајте излегувања, повици на дружење, зашто токму на ваквите собири би можеле да ја запознаете љубовта на својот живот.

Работа: Бизнис годината ќе ви биде повеќе од поволна. Се што ќе работите ќе биде успешно, а и оние работи кои не успеале да ги решат, вие ќе ги решите без многу мака и напор. Би било пожелно понекогаш да одиграте некоја игра на среќа, би можеле да освоите голема сума пари, но само тогаш кога ќе ви го каже тоа внатрешниот глас.

Здравје: Припадниците на овој знак во текот на 2019. година ќе имаат заштита, така што, не треба да се грижат за некои сериозни повреди или болести. Потребно е да внимавате на себе, да се храните здраво.

ЗМЕЈ

Љубов: Ќе посакате промени во љубовниот живот, ќе имате чувство дека сте западнале во монотонијата, а тоа е она што најмногу ве задушува. Ќе ви годи самотијата и изолација од другите. Повеќе ќе ви бидат пријатни пријателските односи со другите, додека пак љубовта ќе ја остварите за некое подобро време.

Работа: Финансиите ќе бидат стабилни, а ќе имате можност и да инвестирате пари во некој бизнис. Благодарение на искуството што сте го стекнале во минатото, сега можете да донесете вистински одлуки и да ги разберете можностите што ќе ви се нудат. Ќе имате многу деловни патувања, средби, па ова е можност да го покажете своето знаење.

Здравје: Здравјето ќе биде стабилно во 2019. година. Но, не занемарувајте ги редовните лекарски прегледи, и ако пиете некои лекови, придржувајте се до советите на лекарите. Што е повеќе можно поминувајте во природа, а дадете им предност и на природните органски прехранбени производи.

Продолжува на страна 4