КИНЕСКИ ХОРОСКОП ЗА 2019

301

2019. година е година на земјана свиња и тоа е година со која завршува 12-годишниот циклус на источниот календар. Овој период го карактеризира завршување на започнатите задачи, сумирање на резултатите и стекнување награди за долгогодишнат работа.

Секој ќе има можност да размисли за својот живот, да направи позитивни промени и да се прилагоди на настаните промени. А што кинескиот хороскоп за 2019 година предвидува за секој од вас, прочитајте во продолжение на текстот.

Во табелата подолу пронајдете ја годината на своето раѓање и откријте кој сте знак во кинескиот хороскоп.

СТАОРЕЦ

Љубов: Оваа година за вас ќе биде многу романтична. Ќе бидете полни со оптимизам, инспирација и љубов за нови љубовни авантури или за обновување на односите со некој кој веќе бил во вашиот живот. Оаа година ќе имате можност да заминете на романтично патување, на кое ќе уживате.

Работа: Паричната ситуација нема да биде по ваша мерка, бидејќи ќе треба да трошите повеќе отколку што сте навикнале, што вие, кои сте познати како штедачи, тешко ќе ви падне. За да се чувствувате пријатно и да им угодувате на другите, сепак ќе треба да издвоите одредена сума на пари. Но, за оние кои ги сакате ништо нема да биде тешко и ќе го правите без жалење. Во зима можете да очекувате промена на работното место на подобра работна позиција.

Здравје: Стаорците се многу одговорни кога станува збор за здравјето, така што и оваа година нема да биде исклучок. Но, со редовни лекарски прегледи, потребно е да го зајакнете своето тело, затоа се препорачува спортување, и редовно земање витамини.

Продолжува на страна 2