КОЗА
Љубов: Почетокот на годината носи не толку позитивни случувања во полето на љубовта, бидејќи се нагласени конфликти, па дури и раскинување на љубовна врска. Можеби вербално сте го повредиле партнерот или сте го игнорирале вашиот однос, па ако навистина сакате да ја зачувате врската, потрудете се.
Работа: Како и во љубовта, и на работа ве очекуваат голем број предизвици. Ќе ви биде понудена висока позиција или работа во странство. Но пред да прифатите, размислете за можните обврски и за последиците кои одат со тоа.
Здравје: Нема да има никакви проблеми со здравјето, но, се разбира, тоа не значи дека не треба да се грижите за себе и редовно да се контролирате. Не земајте лекови на своја рака.
МАЈМУН
Љубов: Во оваа година ќе имате многу љубовни средби, а вие ќе уживате во флертот и во дружењата со спротивниот пол. Меѓутоа, тоа не е толку страшно ако сте осамени, но ако сте веќе зафатени, со врска или сте во брак, тогаш постои можност вашата измама да биде откриена. Не го компликувајте својот живот и водете сметка за тоа што работите.
Работа: Имате извонредни комуникациски способности, па без никаков проблем ќе ги работите сите работи. Исто така, ќе ги привлечете новите бизнис партнерите кои ќе сакаат да им помогнете. Искористете ги сите прилики што ви се нудат, бидејќи толку многу добра можност нема да ви се нуди многу често.
Здравје: Посебно бидете внимателни кога ги користите годишните одмори, без разлика дали станува збор за летен или зимски, да не се повредите или да имате некои компликации поради авантурите и адреналинските активности кои ви се допаѓаат.
Продолжува на страна 6


















