
Не сакате интервјуа
Самата помисла на тоа да бидете испрашувани за вашите цели, способности и амбиции ве прави нервозни. Но, откако интервјуто ќе започне, вие се опуштате и секогаш оставате одличен впечаток.
Вие сте верен пријател
Интровертите се многу лојални и искрени луѓе. Нивната енергија доаѓа од внатре, а не од другите луѓе и затоа им е полесно да бидат отворени со своите пријатели.
Понекогаш не ви се прави ништо
На интровертите им е многу важно да поминат време сами со своите мисли. Ако „правењето ништо“ ви помага да се релаксирате и да ги наполните батериите, големи се шансите дека сте интровертна личност.
Чекате пред да вратите на пораките
Не сте залепени за телефонот цело време и одговарате на пропуштени повици, пораки и имејлови кога ќе бидете подготвени.
Не им верувате лесно на луѓето
На интровертите им е многу тешко да најдат некој кој ќе ја почитува нивната природа и затоа им треба време да се отворат. Од друга страна, пак, тоа значи дека вашите пријатели се луѓе на кои навистина можете да се потпрете.
Пишувате
Вашата кариера е некако поврзана со пишување или пишувате за забава во вашето слободно време. На тој начин вие се поврзувате со вашиот внатрешен дух и се полните со енергија.
Продолжува на страна 3


















