Работи кои никој нема да ви ги открие за земјите во кои патувате

1091

Без оглед на различните непријатности, на кои можете да наидете на патувањата, сепак тие се само мал дел од општиот впечаток, кој ве збогатува и развеселува.

На Интернет порталот Редит се објавени разговори од искуствата од патувањата, кои се занимаваат со другата страна на туризмот, со работите кои туристите ги разочарале во земјите во целиот свет.

Кина

Најголеми замерки има за возењето на Кинезите. Законот во Кина предвидува доколку некому нанесете повреда во сообраќајот, должни сте да ги платите сите трошоци за лекување и грижа до крајот на животот (доколку е потребно. Во случај да почине плажате отштета и на неговото семејство. Сето тоа го поддржуваме, но заради тоа некои возачи кога ќе удрат пешак, се враќаат и уште еднаш поминуваат преку жртвата, затоа што во тој случај самое днаш плаќаат оштета, а убиство од ваков вид во Кина не е лесно да се докаже.

Венеција

Преубавите канали по кои е познат овој град многу лошо мирисаат. И не само тоа, многу се нечисти, така што возењето со гондола би можело да биде непријатно.

Мароко

Туристите најмногу се жалат на хигиенските навики и недостигот на истите. Главен проблем е во тоа што во тоалетите никогаш нема тоалетна хартија, така што треба да си носите влажни марамчиња секаде со вас.

Австралија

Секаде е полно со инсекти и животни, а туристите се жалат на големиот број муви. И тоа не овие на кои сме навикнале, туку непријатно големи.

Перу

Оваа јужноамериканска држава е полна со прегладнети кучиња скитници. Не е чудно да ве следат некое време и да чекаат од вас храна, особено доколку претходно намирисале дека ја носите со себе.

Нов Зеланд

Не, ова не е само земја на зеленилото, преубавата природа и место, на кое Питер Џексон го сними Господар на прстените. За жал туристите се жалат на појава на ета, што со себе повлекува и други непријатни работи, така што тука нскоро наместо Фродо Багинс би можел да дојде Валтер Вајт.

Италија

За многумина е најубава земја во светот покриена со графити. Богатиот Милано е преполн со графити, а оние што ги прават не го поштедија ниту славниот римски Колосеум.

Бразил

Освен Копакабана, фудбал и самба, Бразил ја има и онаа другата страна. Тој е преполн со отпад. Дури и кога се искачувате кон познатата статуа на Христос Спасителот, од страна може да се види море на отпад. Покрај сето тоа тука има проблем и со високата стапка на криминал, хаотичниот сообраќај, корупцијата.

САД

Тука цариниците се многу непристојни, без разлика дали патувате со авион или по копнен пат. А уште и сите оние силни контроли при влегување во авионот.