Осаменоста го зголемува ризикот од смрт

94

Осаменоста и намалената подвижност може да го зголемат ризикот од смрт кај постарите лица, а доцните години и прекумерната телесна тежина не се толку ризични како што до сега се сметало, пренесуваат американските медиуми.

Имено, истражувачите од Чикашкиот универзитет утврдија дека осаменоста, депресијата и кршењето на коските кои влијаат на подвижноста, можат да бидат најдобар показател за ризик од смрт во идните пет години.

Така студијата предлага измена на сегашните мерки темелени на биомедицински модел, кој во проценката на здравствената состојба и ризикот од смрт се потпира само на кардиоваскуларните болести, ракот, дијабетесот, како и зголемениот крвен притисок и концентрација на т.н. лош холестерол.

Студијата која ја објави Американската научна академија се темели на резултати од анекта спроведена на 3.000 луѓе на возраст од 57 до 85 години.