Многумина веруваат дека интровертите се срамежливи и повлечени во својот внатрешен свет.
Но, тоа не е сосема точно.
Интровертните личности само црпат енергија од поминатото време со самите себеси или од нивното друштво кое се состои од тесен круг пријатели.
Можеби не се сметате за интроверт затоа што не сте претерано срамежливи, но сепак може да имате некои карактеристики кои го одликуваат токму таквиот тип луѓе.
Не сакате гужви
Концерти, конференции, спортски арени и слично, дефинитивно не се вашиот прв избор за забава. Одбегнувате да поминувате премногу време на вакви места.
Не сакате да запознавате нови луѓе
Ова не значи дека имате проблем да стекнете пријатели. Но, секое запознавање на нов човек ви одзема премногу енергија и физички ве исцрпува.
Одлични сте на јавни настапи, но не и по нив
Вие знаете како да одржите влијателен говор и притоа да изгледате самоуверено. Но, не сте од оние кои активно учествуваат во сите игри и церемонии што следуваат потоа.
Вашите пријатели се екстроверти
Интровертите и екстровертите уживаат да поминуваат време заедно бидејќи постои рамнотежа помеѓу нивните карактери. Понекогаш на интровертите им е потребен некој да ги извлече од нивната удобна зона, додека, пак, на екстровертите одвреме-навреме потребно им е да поминат мирна вечер во домашна атмосфера.
Продолжува на страна 2