Навики кои предизвикуваат главоболка

1018

Главоболката е нешто многу непријатно, за жал е вообичаена дури и кај сосем здрави луѓе.

Причините за тоа се различни и иако медицината има некои инстант решенија, на долготраен план може да се заштитите од неа, ако се ослободите од некои штетни навики. Имено:

1. Не спиете доволно и квалитетно. Совет: спијте барем 8 часа на ден!

2. Сте под преголем стрес. Совет: научете се да го исклучите и да отпочинете со јога, медитација, танцување или друга пријатна и релаксирачка активност.

3. Пропуштате оброци, што предизвикува нагло зголемување на шеќерот во крвта. Совет: Хранете се по 5 пати на ден во текот на 3-4 часа. 3 од оброците треба да се главни, два полесни.

4. Подгрбавени сте на работа. Совет: Ако потрошите повеќе часови зад биро обидувајте се да седите со исправен грб и кренати раменици. Лошата поза е меѓу најчестите причинители на главоболка.

5. Дехидратација. Совет: Пијте барем 8 чаши вода на ден.

6. Пиете премногу кафе / чај. Совет: Префрлете се на бескофеински пијалоци. Кофеинот вештачки ја зголемува будноста, а потоа доаѓа до сериозен пад. Во поголеми количини тој дехидрира и може да предизвика мигрена.

7. Петерувате со алкохолот! Совет: Исти како и со кофеиновите пијалаци, алкохолните возбудуваат вештачки, го дехидрираат телото и го нарушуваат метаболизмот и спиењето.

8. Консумирате храна богата со тирамин и аспартам. Совет: И двете материи докажано може да предизвикаат мигрена, па обложете се на здрава храна и откажете се од готови јадења, газирани и конзервирани оброци.