Како да најдете време да уживате во родителството

1870

Како да најдете време во секојдневниот живот?

Родителството никогаш не било, ниту пак треба да биде работа за едно или две лица. Родителите порано имале цело село, племе, или  барем пошироко семејство што му помагле во образованието на детето. Денес, само неколку семејства имаат баба, дедо, тетка, вујко или дадилка која живее со нив. Дури и во семејства каде што родителите живеат заедно, барем еден родител поголемиот дел од времето не е дома. Кога само еден возрасен се грижи за детето, подолг временски период, обично нема доволно време или енергија за да обезбеди се што му е потребно на  детето. Без оглед на бројот на членови на семејството, факт е дека во одгледување на деца помош од возрасните е секогаш добредојдена.

Кога само еден возрасен се грижи за детето, подолг временски период, обично нема доволно време или енергија за да ги обезбеди сите потреби на детето. Без оглед на бројот на членовите на семејството, факт е дека во одгледувањето на децата помошта на возрасните е добродојдена.

Можеби ќе мораме, чекор по чекор, да почнеме да создадаваме повеќе “возрасни ресурси.” Родителите можат да побараат роднини и пријатели повремено да поминуваат повеќе време со своето семејство. Можеме да поканиме други семејства да не дружат или пријатели да станат дел од “нашето семејство”. Така ќе имаме “избрано пошироко семејство.” Кога ќе имаме повеќе возрасни ќе биде полесно да се задоволат потребите на децата, ќе има се помалку и помалку потреба за конфликт и борба за превласт. Дури и еден час неделно, во присуство на повеќе луѓе, има позитивно влијание врз нашиот однос со децата.

Да се обезбедат повеќе “возрасни ресурси” значи да се обратат за помош. На многу родители тоа тешко им паѓа. Се чувствуваме како да се наметнуваме, или дека се’ треба сами да постигнеме. Меѓутоа, вистината е дека никој од нас не може сам. Сите треба да работиме заедно за да успееме. Децата, кои во моментов се потпираат  на нас и бараат да им помогнеме да ги задоволат нивните потреби, еден ден ќе бидат возрасни на кој ќе можеме да се потпреме. Тие ќе бидат во можност да дадат онолку колку што му било подарено.

Ние нема да добиеме втора шанса да “уживаме во нив, додека тие се мали.” Да се задоволат потребите на децата потребно е време, енергија и човечки ресурси. Ако не ги пронајдете ресурсите додека децата се мали, ќе мора да се справиме со неисполнети потреби, кога ќе пораснат. Детството е сега. Колку повеќе “возрасни ресурси” создадеме, толку повеќе потреби ќе бидат исполнети. Со самото тоа повеќе ќе уживате во  децата, и додека тие се мали, но и кога ќе пораснат.

Успевате ли да уживате во вашето дете? Колку време минувате во уживањето, а колку во спротивставувањето?

Подготви педагог Виолета Крстевска Васиќ

Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk