Драматично предупредување на Бил Гејтс | Ова за помалку од година дена би можело да убие повеќе од 30 милиони луѓе

7372

“Ние ја игнорираме врската меѓу здравјето и меѓународната безбедност”, им порача Гејтс на светските лидери собрани на конференцијата за безбедност во Минхен.

Биотероризмот би можел да убие десетици милиони луѓе, рече во Минхен бизнис магнатот и филантроп Бил Гејтс, предупредувајќи ги светските лидери дека генетскиот инженеринг би можел да стане моќно оружје во рацете на терористите.

“Ние ја игнорираме врската помеѓу здравствената и меѓународната безбедност”, им порача Гејтс на светските лидери кои се собраа на конференција за безбедност во Минхен.

Следната епидемија

Тој додаде дека следната епидемија би можела да избие од компјутерските монитори ако терористите одлучат да употребат генетски инженеринг за развој на синтетички вирус на сипаници или заразниот и смртоносен вирус на грип.

“Без оглед дали како хир на природата или од рацете на терористите, епидемиолозите велат дека вирусот кој брзо се движи низ воздухот би можел за помалку од една година да убие повеќе од 30 милиони луѓе”, вели основачот на Мајкрософт, кој потрошил милијарди долари за подобрување на здравјето на луѓето од целиот свет.

“И тоа би можело да се случи во следните десет до 15 години”, додаде еден од најбогатите луѓе во светот.

Американските и британските разузнавачки служби претходно објавиле дека Исламската држава се обидува да развие биолошко оружје во своите бази во Ирак и Сирија. Сепак, ја намалиле сериозноста на таа закана, велејќи дека на терористите им се потребни експерти, добро опремена лабораторија и мирни услови за работа какви што во моментов не постојат во тие конфликтни зони.

telegraph.co.uk