Несредени семејни односи влијаат на концентрацијата
Освен наставникот, како главна причина и виновникот за недостаток на интерес кај учениците се смета семејството и целокупната негова воспитна улога.
– Несредените и конфликтните односи во семејството не дозволуваат кај децата да се развива способноста за концентрација. Децата во раната возраст ги наследуваат најбитните особини на семејството и тие се решавачки за нивните емоции и чувства на сигурност и заштитеност. Децата се многу почувствителни на секојдневните промени во семејната атмосфера отколку возрасните. Веќе и малите деца имаат „антена“ за раздражливите тонови на родителите. Тие веднаш престануваат да си играат, плачат и стануваат нервозни кога ќе слушнат неблагопријатни зборови, вели таа.
Докторката Малинска потенцира дека денес уште понервозни стануваат и од самото некотролирано и долготрајно гледање телевизија, како и користењето на компјутер.
– Стануваат уморни, концентрацијата им се намалува, а се разбира и паметењето, така и настанува заборавањето како последица на заморот. На почеток реагираат емоционално и ако им се дозволи да ја следат долгата вечерна програма на телевизијата, или пак играње игри на компјутер, утрешниот ден го започнуваат со симптоми на замор и и интересот е сосема отстранет, вели докторката.
Кај децата, чија концентрација е слаба, според неа, треба сукцесивно вежбање со менување на односите во семејството и проучување на севкупната воспитна ситуација, и создавање на предуслови за нормален дневен живот.
– Битен е дневниот план и организацијата на времето, распоредено подеднакво на сите членови во семејството според возраста и способноста. Секој да има свое задолжение и навреме да ја реализира зададената задача. По извршената работа не е пожелно да се истакнуваат само маните и грешките, туку и малите успеси да се наградат со пофалби. Малите деца се интересираат да ги учат прво потешките работи додека уште не се заморени, а по заморот веднаш треба да им се даде можност да се одморат, објаснува докторката.
Таа уште наведува дека, кај децата се битни друштвените игри, загатки, учење песнички, опис на слики, со што се развива интересот за осознавање на светот, социјализацијата, критичноста, реалноста и точноста.
– За развивање на овие способности од витално значање се родителот и воспитувачот кои со мирен и сталожен став и со самата појава треба да делуваат смирувачки. Затоа не е ништо чудно што при нервозни мајки и детето е нервозно, вели докторката Малинска.
Физички вежби за подобра концентрација
Според истражувањата спроведени во САД, забележано е дека доколку учениците за време на часовите или на малите одмори меѓу часовите имаат активни паузи (осмислени преку некој вид на физичка активност), имаат многу подобра концентрација и внимание за време на часовите. Во согласност со тоа, осмислени се кратки видео- материјали со различни типови вежби кои се наречени „Brain breaks “ или во превод , “одмор или пауза за мозок”. Со други зборови, тоа претставува еден вид на активен одмор, кој на ученикот ќе му помогне да се одмори од интелектуалниот замор од часот. Оние кои ги правеле истражувањата препорачуваат на учениците да им бидат пуштени видео материјали со некој вид на физичка активност пропратена со музика, а тие да ги повторуваат вежбите.
Преку реализација на овој вид на обука, на учениците им се овозможува да се вклучат во физичка активност, и на овој начин да се подобри концентрацијата и вниманието.
Експертите велат дека концентрацијата може да се вежба. За подобра концентрацаија многу е битна и мотивација. Односно, значително е полесно детето да се концентрира, ако е мотивирано.
На мозокот му треба одмор. Со паузи полесно се памти, а треба да се направат пред да се почувстваува замор. Ако концентрацијата е во опаѓање, добро е да се направи пауза на секои 20 минути.
За концентрација помагаат вежби, како на пример, гледање во една точка од 15 до 20 минути и прецртување на цртеж со многу детали.
Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback
Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg
Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување


















