Дали медот треба да се јаде со дрвена лажица

292

Сигурно досега сте слушнале дека медот треба да се јаде со дрвена лажица.

Оние кои го тврдат ова можат да бидат поттикнати од 3 причини:

  1. Мислат дека нешто се разбираат од хемија
  2. Затоа што слушнале дека „така треба“
  3. Продаваат дрвени лажици

Обидот да се аргументира ова тврдење е дека наводно доаѓа до хемиска реакција помеѓу медот и металната лажица, затоа што медот има ниска рН вредност (кисела средина), што предизвика корозија на металот и медот ги губи своите својства.

Медот има рН околу 3,9 и ако одиме со ваква логика, тогаш со метален прибор за јадење не би требало да го јадеме ниту сирењето, киселата зелка, киселото млеко, туршијата, овојето, доматите и безброј други прехранбени производи кои имаат поголема киселост од медот.

Металната лажица е направена од инертен материјал, т.е. направена е на таков начин, да при нормална употреба не влегува во никакви хемиски реакции со храната.

Покрај ова, машините за вадење на медот се метални. Кантите за мед се метални. За време на аналитичката контрола, медот главно се мери со метална лажичка, сондата за земање мостри е исто така метална. Ако ништо друго, доколку би постоел проблем во контактот на медот и металните апаратури, тогаш би морале да постојат и законски ограничувања, барем во делот на земањето мостри и контролата на квалитет.

Домашно производство

  • Аргументациите како што се: медот треба да се јаде со дрвена лажица затоа што така треба, ми ги кажа мојата баба и многу слично потсетуваат на онаа приказна со мајмуните и бананата. Накратко, приказната илустрира дека човековото општество продолжува да ја прави истата работа одново и одново само затоа што „така отсекогаш се правело“, без никој притоа да се запраша зошто.
  • Во целата приказна, оние кои што продаваат дрвени лажици и тврдат дека медот мора да се јаде токму со ваква лажица имаат најдобро оправдание.

Вистината е дека, медот можеме да го јадеме со дрвена, пластична, метална лажица; Можеме да го прелиеме директно од теглата или да ја ставиме главата во кошницата. Медот нема да ги изгуби своите својства.

Медот е многу добар прехрамбен продукт а особено е корисен во периодите кога владеат грипот и настинките. Како што вели нашиот народ: важно е лажицата да ти падне во мед, а за каква лажица станува збор- тоа е сосема неважно.

Медот го поттикнува брзото лачење на инсулинот и лицата со дијабетес мораат внимателно да го вклопуваат во исхраната. Медот не треба да им се дава на деца на возраст помали од 1 година, затоа што во медот можат да преживеат некои бактериски спори.

Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk