Докажано е дека сопствениците на мачки се поинтелигентни од оние кои имаат кучиња

2037

Изборот на домашен миленик е уште еден фактор кој покажува колку е интелигентен сопственикот. И додека кучето е најдобриот пријател на човекот, мачката е негов стимуланс за интелигенција.

Најчесто луѓето избираат миленик кој одговара на нивниот карактер и со кој ќе успеaт да воспостават длабока конекција. Ова истражување е спроведено на Универзитетот во Тексас, со основна споредба на сопственици на мачки и кучиња.

Сопствениците на кучиња се отворени, но и наивни, а сопствениците на мачки почесто се интровертни, сомничави и двојно претпазливи. Најголема разлика е забележана во просечниот коефициент на интелигенција, кој бил значајно поголем во групата сопственици на мачки.

Но, она што е најважно е дека со самото тоа што сте земале да чувате миленик, вие покажувате дека сте љубител на животни и дека сте полни со љубов. Исто така, секогаш ќе имате лојален пријател кој никогаш нема да ве напушти или предаде.