Добра и лоша страна на кафето

1703

Кафето носи бенефит но и штета на вашиот организам, Можете сами да одлучите дали научниците и здравствените работници, го потцениле кафето. Еве неколку аргументи:

Го намалува ризикот од рак на уста и грло

Анализирајќи 9 истражувања и споредувајќи 5139 заболени од рак на глава и врат со 9028 луѓе без рак, италијански научници откриле дека 4 или повеќе кафиња дневно го намалуваат ризикот од појава на рак на уста или грло со 39%.

Го намалува ризикот од мозочен удар кај жените

Американско истражување покажало дека пиењето на 4 или повеќе кафиња дневно го намалува ризикот од мозочен удар кај жените со 20%. Кај оние пак кои никогаш не пушеле, ризикот се намалува до 43%.

Може да го продолжи животот

Големо истражување на Универзитетот во Мадрид и Универзитетот Харвард довело до интересен заклучок – кафето може да го продолжи животот. За да го докажат тоа, научниците анализирале податоци за 84 214 жени и 41 736 мажи. Ниту еден од нив немал рак или срцеви болести на почетокот на истражувањето. Учесниците биле набљудувани подолго време – мажите 18 години, а жените 24 години. Крајните резултати покажале дека кај оние кои пиеле кафе ризикот од смрт бил помал отколку кај оние кои не пиеле кафе. Основна причина за ваквиот резултат бил намалениот број на случаи со срцеви заболувања кај луѓето што консумирале кафе.

Го подобрува памтењето

Кафе паузата после лекции помага полесно да ја складирате информацијата што сте ја научиле.

Го намалува ризикот од рак на простатата

Истражување во коешто учествувале 50 000 мажи, а кое траело од 1986 до 2006 година, покажало дека мажите кои пијат многу кафе имаат за 60% помал ризик од појава на рак на простатата, во споредба со мажите кои не пијат кафе.

Го намалува ризикот од срцеви заболувања

Истражување на одделот на медицинскиот конзорциум Kaiser Permanente во Калифорнија, покажа дека луѓето коишто редовно консумираат кафе имаат помали шанси да бидат примени во болница заради нерегуларен ритам на срцето. Резултатите од едно од најголемите истражувања во оваа област, кое опфаќало 34 514 учесници, покажале дека умерената консумација на кафе го намалува ризикот од срцев удар за една петтина.

Го намалува ризикот од рак на дојка

Истражување на шведскиот универзитет Умеа покажало дека жените коишто пијат варено кафе повеќе од 4 пати дневно се изложени на помал ризик од појава на рак на дојка, во споредба со жените коишто пијат варено кафе поретко од еднаш дневно.

Продолжува на страна 2