Добра и лоша страна на кафето

1703

Сепак, пиењето кафе крие и многу ризици, кои најчесто се појавуваат кај луѓе кои консумираат кафе во големи количини. Некои од тие ризици се:

Проблеми со спиењето

Кафето ја зголемува будноста и ја зголемува концентрацијата. Затоа, луѓето кои страдаат од инсомнија или имаат проблеми со спиењето треба да се држат понастрана од кафето.

Зголемена анксиозност

Консумирањето кафе во големи количини или пак откажувањето од кафе може да предизвикаат зголемување на анксиозноста и раздразливоста.

Флеки на забите

Кафето е познат непријател на белите заби. Иако ја намалува појавата на кариес, кафето го забрзува жолтеењето на забите.

Полоши симптоми на ПМС

Жените коишто страдаат од предменструален синдром треба да ја избегнуваат консумацијата на кафе, затоа што кафето може да ги влоши симптомите.

Намалена плодност

Кафето има негативен ефект врз плодноста. Затоа, жените кои се обидуваат да зачнат треба да го избегнуваат кафето.

Зголемен ризик од остеопороза

Иако консумацијата на кафе не е значаен фактор за појавата на остеопороза, сепак го зголемува ризикот. Кофеинот го забрзува исфрлувањето на калциумот преку урината и со тоа ја намалува цврстината на коските. Но, истражувањата покажаа дека ако жените примаат доволно количество калциум, кафето нема да придонесе за развивање на остеопороза.

Дехидратација

Кафето има диуретско дејство и го зголемува мокрењето, па може да предизвика дехидратација. Поради тоа се препорачува секоја шолја кафе да биде проследена со пиење на 2 чаши вода.

Зголемен холестерол

На многу луѓе коишто го започнуваат денот со кафе, холестеролот е последното нешто што им паѓа на ум. Но, истражувањата покажале дека консумирањето на големо количество кафе (во просек 6 чаши дневно) го зголемува холестеролот.