Истражувачите им наложиле на учесниците во студијата да носат модерни најлонски чорапи на рацете за да соберат себум.
(Себум е мешавина од масни киселини, шеќер, восок и други природни хемикалии кои создаваат природна заштитна бариера против испарувањето на течноста од кожата. Поконкретно, себум содржи триглицериди, масни киселини, восочни естри, антиоксиданс сквален и холестерол).
Некои луѓе се магнети за комарци и страдаат од болно чешање, додека други уживаат во топлите летни вечери без да им пречат овие мали штетници. Новата студија покажува зошто е тоа така, пишува The Sun.
Тим на истражувачи од Американското хемиско друштво (ACS) објасни на YouTube: „Некои од нас ги привлекуваат комарците повеќе од другите поради хемикалиите што ги лачи нашата кожа“.
Докторот по генетика Alex Dainis објасни дека сè започнува со неколку широки сензорни индиции. Пред сè, комарците се привлечени од топлината на нашето тело. Тие потоа го следат мирисот на CO2 од нашиот здив пред конечно да не „означат“.
Ова објаснува како тие воопшто ги лоцираат луѓето, но што ги тера да напаѓаат само некои?
“Тоа е мирисот на кожата. Со текот на годините, направени се многу студии за да се открие зошто некои луѓе мирисаат поубаво на некои комарци од другите. Некои студии велат дека тоа е поради вашата крвна група, други дека тоа е поради храната или пијалокот кој го консумирате… Различни студии покажале различни и контрадикторни резултати. До сега“, изјави Alex.
Alex потоа укажа на студија, објавена во списанието Cell минатиот октомври, која ги разгледува масните киселини во нашата кожа, особено карбоксилните киселини што ги лачиме во нашиот себум – восочната, мрсна супстанција која помага да ја одржиме нашата кожа влажна.
Маслото од лимонскиот еукалиптус навистина ги брка комарците.
Студијата траела три години
„Оваа студија е неверојатна. Истражувачите ги натерале учесниците да носат модерни најлонски чорапи на рацете за да го соберат себумот, а потоа поставиле комора каде што египетските комарци можеле да избираат помеѓу најлонски чорапи со различен мирис“, рече Alex.
„Истражувачите откриле дека има неколку различни карбоксилни киселини кои се појавуваат повеќе на кожата како магнетит за комарците. Поточно, силните привлечни материи произвеле значително повисоки нивоа на пентадеканои, хептадеканои и неадеканои. И бидејќи студијата е направена во текот на три години, тие успеале да покажат дека тоа не е нешто променливо, како храната што ја јаделе учесниците или неодамна се напиле пиво. Тоа се стабилни привлечни атрактанти (силните привлечни материи)“, раскажа Alex, која потоа откри како да се одбраниме од комарци.
„Можеби знаете дека DEET (N,N-dietil-meta-toluamid, исто така наречен диетилтолуамид) е ефикасен лек против комарци кој е најчеста состојка во средствата за заштита од инсекти. Во основа им отежнува на комарците да не нé мирисаат.
„Но, што е со природните репеленти? Работи како свеќите од цитронела. Дали тие делуваат? Не! Студијата од 2017 година покажа дека свеќите од цитронела всушност воопшто не влијаат на комарците. Но, маслото од еукалиптус од лимон навистина ги одбива комарците“, откриva таа.



















