Дали мислите дека сте перверзни? Погледнете што сѐ правеле во античко време! Фото

899

Во античкиот Рим имало многу робови, а гладијаторите во рамките на таа група биле некакви ѕвезди. Овие антички воини-забавувачи биле придружувани од “група” девојки, а нивните сексуални услуги не биле непознати за аристократијата за што сведочат бројни графити пронајдени низ целата територија на царството. Позната е приказната за Фаустина, сопругата на царот Марко Аврелиј, која развила наклоност кон еден гладијатор. Кога царот ја видел склоноста на неговата сопруга, ѝ наредил да има секс со конкретниот гладијатор кој за време на чинот, додека тој бил „горе“ е убиен, така да искрвари на неа. Фаустина морала да го остави ритуално да искрвари, да ја исчисти крвта, а потоа да води љубов со својот сопруг.

Анален секс

Бидејќи немале контрацептивни средства, во античкото време аналниот секс бил многу популарен. Освен за цел на задоволството, користен е и како казна. Имено, ако се докажала прељуба, повредената страна имала право на тој начин практично да го злоставува сторителот.

Полисексуалност

Љубовните триаголници и “отворени врски” биле вообичаени во античко време. Римскиот император Хадријан бил познат по својата љубов со тинејџерот Антинос кој по неговото исчезнување деификовал (обожување, одавање божествената чест). Денес, музеите се исполнети со статуи на ова момче, најчесто портретиран како идеал за убавина. Сопругата на Хадријан Сабина знаела за аферите на својот сопруг и таа сама ги искористила предностите на полисексуалноста.