Како да ги миеме правилно салатите

1575

Пролетта е сезона на свежиот зеленчук. Нашите омилени свежи салати повторно се на трпезата.

Но знаеме дека индустријата ги задоволува потребите со тоа што го прска производството со пестициди и други штетни хемикалии кои штитат од штетници и прават производите да растат побрзо.

Хемикалиите, користени во овие случаи, често се исклучително штетни. Затоа треба да знаеме како да го миеме свежиот зеленчук и овошје ефикасно.

Мијте ги рацете пред и после обработка на производите

Важно е да не ги загадуваме производите со бактериите од рацете. Затоа треба да ги измиеме со топла вода и сапун за најмалку 30 секунди. Откако сме ка подготвиле салатата, повторно е добро да измиеме рацете пред да седнеме на масата.

Миењето на рацете важи и при консумирање на овошје. Една од најчестите грешки кои речиси сите ги правиме е да излупиме, на пример, портокал и веднаш да почнеме да го јадеме. Не сфаќајќи дека сме ја пипале кората со истите раце, со кои потоа го загадувамесамиот плод.

Затоа е важно да ја мие,е кората на плодовите кои претстои да ги излупиме, за да не ги префрлуваме штетните материи и нечистотии на делот за јадење. Ова важи за киви, јаболка, мандарини, лимони, краставиците и сите овошје и зеленчук кои се конзумираат главно излупени.

Продолжува на страна 2