Отстранувајте ги удрените и скапани делови
Во овие делови се собираат повеќе штетни хемикалии отколку на мазни и здрави делови на производите. Затоа е подобро да не правите компромис со здравјето и да ги исечете сите непотребни и скапани делови.
Мијте под млаз вода, не киснете!
Распространета грешка е да се накиснат салатите со цел да се отстранат штетните хемикалии. Не правете ја оваа грешка, бидејќи така само ги потопувате салатите во вода во која хемикалиите се раствораат, не исчезнуваат.
Поважно е да ги измиете производите под млаз вода внимателно и континуирано. Само така ќе се отстранат поефикасно пестицидите и нитратите од зеленчукот.
Дури и да не ја јадете кората е важно да ги миете производите
Токму за да не се размножат бактерии и хемикалии врз јадењето важно е да ги миете темелно сите производи кои имате намера да ги лупитее. Ова важи дури и за компирот.
Четкајте ги производите со груба површина
Краставиците, компирите, дињи, киви – сите овошје и зеленчук со нерамна површина треба да бидат темелно исчеткани пред обработка. Во рапавоста се задржуваат бактерии, микроорганизми, пестициди и нитрати.



















