Mia Hujic “злоупотребуваната” девојка од видео клипот што го запали светот! Видео

365

Девојката од клипот за насилство “Една слика дневно во најлошата година од животот”, Mia Hujić, е филолог и преведувач од италијански јазик. Таа работи како водителка и модел во Италија, во модните куќи “Ралф Лорен” и “Џил Сандер”

Клипот “Една слика дневно во најлошата година од животот”, кој покажува лице на насмеана девојка на почеток до последната шокантни слики на насилство, во која таа моли за помош, предизвика многу жестоки реакции.

Високо буџетниот спот, каде што слушаме музика во позадина во траење нешто повеќе од една минута, е поставен на YouTube под корисничкото име “феро 061 982.”

Миа во видео прикажа 365 дена од нечиј живот, и од време на време на нејзиното лице се појавуваат модринки, знаци на давење, модрици под очите, отворени рани на челото и усните.

Сè кулминира со драматична порака која девојката ја држи на крајот од спотот, која гласи: “Помогнете ми. Не знам дали ќе го дочекам утрешниот ден”.

За само три дена видео снимката имаше над 500.000 прегледи и над 1.500 коментари. Некои од корисниците на YouTube нудат помош, дури и на конкретен план за акција за да ја спасат несреќната девојка од вителот на насилството.

Дали ова сурово злоставување навистина ѝ се случило на Миа Хујиќ, од некој близок или станува збор за шокантна кампања против насилствата врз жените?

И покрај сè, видеото веќе има направено многу за ширење на свеста да се спречат насилствата. Фотографиите покажуваат дека малтретирањета треба да запрат веднаш, затоа што во секој момент може да ескалираат во ситуација од каде што помош нема.

Миа успеа да ја разбуди јавноста и да привлече внимание за овој проблем.

Видеото е пренесено од страна на речиси сите портали во нашата средина, а приказната е дојдена до највлијателните меѓународни медиуми како што се светски познатиот The Huffington Post од Канада и францускиот L’Express.

Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Cashback World | Cashback – Враќање пари при секое купување