Оваа наставничка има специјални ракување за секој ученик посебно | Видео

1788

Неверојатен начин на ракување на една наставничка од Америка.

Jerusha Willenborg научи 20 индивидуални ракување со секој од учениците посебно во третото одделение од основното училиште “Mueller” во Witicha, Kansas (US).

На снимката можат да се видат неверојатните ракувања во кои се вклучени и рацете и нозете, а прегратката им е задолжителна.

Таа изјави за локалните медиуми дека поздравот го започнала со еден од учениците, но подоцна, откако виделе, посакале и другите ученици да се поздравуваат на таков начин.

Потоа продолжува: “Почнав да се ракувам на ваков начин за време на мојата прва година од наставата. Учениците секој за себе го измислува ракувањето, а потоа ме учат мене. На тој начи се формираат посебни чувства и помага да се изгради цврста врска помеѓу мене и ученикот”.

Првата снимка е направена во февруари 2017 година.