КАРАКТЕРИСТИЧНИ ОДНЕСУВАЊА НА ХИПЕРАКТИВНИТЕ ДЕЦА

1633

КАРАКТЕРИСТИЧНИ ОДНЕСУВАЊА НА ХИПЕРАКТИВНИТЕ ДЕЦА

  • Почнува да работи пред да ги добие и разбере упатствата за работа.
  • Гледа како работат другите деца пред да проба самото да сработи.
  • Работи пребрзо и прави непотребни грешки, а не грешки поврзани со незнаење.
  • Постојано е во движење, се допира и не може подолго време да седи на едно место.
  • На прашањата одговара пребрзо и не си дава доволно време да размисли.
  • Не е способно да ги следи упатствата кои се даваат на целата група.
  • Не може да ги запамети упатствата, иако нема потешкотии со памтењето.
  • Преминува од една активност на друга и ретко кога ги завршува започнатите задачи.
  • Има потешкотии во организирањето на писмените задачи: тие најчесто се збркани.
  • Погрешно ги толкува едноставните изјави, не разбира многу зборови и реченици.
  • Може да повтори изјави кои му се кажани по подолг период, но не може да ги повтори оние кои му се кажани неодамна.
  • Лесно се препнува и паѓа. Неспретно ги фрла предметите или истите му паѓаат од рака.
  • Лесно се дружи со оние деца кои многу зборуваат и прават галама, често пати ја прекинува работата за да им се придружи.
  • Премногу е зборливо, често го прекинува разговорот.
  • Често ја напушта клупата и нешто пребарува во одделението, додека другите деца седат мирно.
  • Не внимава кога наставникот нешто објаснува, погледот најчесто е насочен во нешто друго.
  • Често кажува „ не можам да го направам тоа“ пред и да се потруди, лесното откажување е воочливо посебно кај новите задачи.
  • Зборува, пее и си шепоти само на себе.
  • Не може да ги искаже мислите на логичен и разбирлив начин.

ПОДТИПОВИ НА НАРУШУВАЊА

Продолжува на страна 2