КАРАКТЕРИСТИЧНИ ОДНЕСУВАЊА НА ХИПЕРАКТИВНИТЕ ДЕЦА

1633

2. Деца кои се импулсивни

Основната потешкотија кај сите деца со хиперактивност е намалената контрола на импулсот, адекватна и неадекватна. Децата со овој проблем доживуваат постојани потешкотии со импулсивноста, особено со контролата во реагирањето на сигналите, импулсите или настаните кои се неважни за сработување на тековните задачи..

Таа импулсивност, односно реагирање без размислување за можните последици од однесувањето предизвикува бројни проблеми кај хиперактивните деца и нивните родители.

Родителите се постојано во алармирана состојба како би ги спречиле несреќите и повредите на кои овие деца се изложени. Типичен пример за тоа е премин на улицата: родителите знаат дека ако нешто го одвлече вниманието на детето, тоа ќе зачекори на улицата без разлика на тоа дали постои опасност на улицата или не. И самиот дом може да биде опасност за хиперактивните деца: отворените прозорци, топлата печка, средствата за чистење, ножевите, достапните лекови во домот…..

Во училишниот период и во адолесценцијата импулсивноста е голем проблем. Импулсивните деца лесно се убедуваат. Со желбата да бидат прифатени од нивните врсници, често прават работи на кои тие ги убедуваат. Таквото однесување знае да биде наивно, од ситни случки како лепење на гума за џвакање на столчето на наставничката до животно загрозувачки ситуации како што е качување на висока ограда или електричен столб. Импулсивното однесување може да биде мотивирано и од чиста љубопитност, на пр. детето да види што ќе се случи кога во супата ќе стави темпера.

Импулсивноста исто така, може да пречи и во социјалните односи на детето. Многу често импулсивните деца имаат потешкотии со создавање и одржување на пријателства. Влегувањето во збор, наметнувањето, зборувањето погрешни работи во погрешно време, тапкањето, гушкањето или допирањето на другите без причина за тоа, агресивното решавање на конфликти може да доведе до проблеми во односите со врсниците, па детето кое бара и има потреба од пријатели на крајот е отфрлено.

Продолжува на страна 4