КАРАКТЕРИСТИЧНИ ОДНЕСУВАЊА НА ХИПЕРАКТИВНИТЕ ДЕЦА

1632

Иако често се зборува за хиперактивноста како нарушување, самиот моторичен немир е еден од темелните симптоми во ова нарушување. Имено, се разликуваат три подтипови на нарушување на вниманието, зависно од тоа кој збир на симптоми е најизразен. Основните симптоми се хиперактивност, импулсивност и невнимание.

1. Деца кои се хиперактивни

Нормално е малите деца да бидат хиперактивни, постојано да се во движење, да истражуваат, да се немирни. Во рамките на нормалниот развој моторичката активност се зголемува до третата година од животот, после која активноста се намалува.

Хиперактивноста понекогаш се дијагностицира и кај деца помлади од 4 – 5 години. Тие веќе во периодот на доење се необично активни: многу плачат , до доцна навечер бараат да јадат, имаат потешкотии во спиењето, често се будат, тешко е да се смират и утешат. Во подоцнежниот период тие деца постојано се во движење, не можат мирно да седат, фаќаат се околу себе, постојано нешто прашуваат, нивното внимание е непримерно за таа возраст, сами потешко си играат. Поради постојано присутниот немир хиперактивните деца во овој период се во поголема опасност од повреди. Иако многу често рано проодуваат, често пати се повеќе неспретни од другите деца, многу често паѓаат, лошо ги планираат и предвидуваат последиците од своите активности.

Кај хиперактивните деца понекогаш не се појавува страв од одвојување и тие се најчесто некритични во приоѓањето со непознати лица. Поради потешкотиите во предвидувањето на последиците на однесување, таквите деца се често премногу храбри и издржуваат во ситуации кои најчесто ги плашат останатите деца.

Во предучилишниот и училишниот период хиперактивните деца се изразено нестрпливи, никогаш не се на своето место, не ја слушаат „тетката“ или наставникот, зборуваат додека останатите деца работат во тишина. Често пати ја прекинуваат работата во група, влегуваат во збор и пречат на останатите во извршување на задачите или активностите.

Хиперактивните деца имаат потешкотии во организација, често забораваат да ги донесат книгите, приборот, тетратките, ги губат своите работи.

Поради таквото однесување наставниците на хиперактивните деца гледаат како на недисциплинирани и лоши.Останатите деца на почеток ги гледаат како забавни и интересни, меѓутоа, кога хиперактивното дете реагира импулсивно, физички или вербално го напаѓа или повреди другото дете или му пречи во учењето, тестот или играта, врсниците почнуваат да го одбегнуваат.

Продолжува на страна 3