КАРАКТЕРИСТИЧНИ ОДНЕСУВАЊА НА ХИПЕРАКТИВНИТЕ ДЕЦА

1633

3. Деца кои имаат потешкотии со внимание и одржување на концентрација

Иако хиперактивните деца често се забележани поради импулсивноста и хиперактивноста, поради која отскокнуваат од групата на своите врсници, сериозните потешкотии кои ги доживуваат поради краткиот опсег на внимание исто така може да предизвика долгорочни последици. Поради проблемот со вниманието, овие деца многу тешко учат и можат да имаат потешкотии со академскиот успех, но и со усвојување на практични и моторички вештини ( како што е возењето велосипед или пливање).Од истата причина, се појавуваат потешкотии и со учење на говорот, што може да се согледа во потешкотиите при вклучување во конверзација или групни активности.

Многу проблеми на хиперактивните деца кои се однесуваат на училишните и социјалните вештини , всушност се предизвикани поради неспособноста кај овие деца да ја задржат концентрацијата доволно долго како би можеле да го научат тоа што е потребно. Хиперактивните деца често имаат способност да ги научат потребните вештини, но потребна им е помош како би успеале да го задржат вниманието доволно долго за да го направат тоа.

Последиците од неспособноста да се концентрираат се согледуваат не само во подрачјето на образованието у успехот во училиште, туку и во доменот на нормалните, задоволувачки односи со членовите на семејството и пријателите.

Постои одреден број на деца, посебно девојчиња, кои не се изразено хиперактивни ниту импулсивни, но имаат сериозни потешкотии поради големиот дефицит на внимание и способност за концентрација. За таа група на деца можеме да кажеме дека имаат нарушување на вниманието без хиперактивност. Неретко тие деца остануваат неидентификувани, поради ненаметливоста на нивните пречки. Доколку бидат препознаени и адекватно третирани тие деца можат многу добро да напредуваат.

(Објавените материјали преведени на македонски јазик се одобрени од Хрватското здружение за дислексија од Загреб, а сликите се позајмени од интернет.)