Дегустацијата треба да биде забавна. Очекувајте дека вашиот вкус ќе се разликува од вкусовите на другите луѓе, бидејќи секој има свој вински вкус и за нив не треба да се расправате. Уживајте во виното!
Првиот чекот е визуелен. Винската чаша секогаш се полни до третина и се држи за постолјето, бидејќи така најдобро се забележува бојата. Со завртувањето на чашата го мешаме кислородот со виното и дозволуваме во чашата да се развие букет. Според трагите кои ќе ги формира виното по ѕидовите на чашата можеме да стекнеме впечаток за содржината на екстрактот во виното.
Вториот чекор е мирисање на виното. Виното се мириса полека, многу е важно да се сконцентрирате на мирисот и да размислувате на што ве потсетува. Мирисот на квалитетни бели вина потсетува на свежи овошни вкусови, а црвените вина на боровница, слива, цреша или вишна. Бочвата во која лежи виното дава арома на дим, ванима, цимет, кафе, чоколадо, лешник. Проценка е дека човек може да разликува околу 10 000 ароми на вино.
Третиот чекор е вкусување на виното. Виното треба да се тркала низ устата, по јазикот, по непцето. Секој дел од јазикот чувствува вкус. Виното треба кратко да се задржи воустата. Белото вино го споредуваат со јаболко, круша, ананас, а црвените вина со сливи, вишни. Тоа се т.н. примарни ароми и тие зависат исклучиво од видот на грозјето од кои се прави виното.
Четвртиот чекор е голтање на виното. За квалитетот на виното зборува податокот за тоа колку долго трае виното, односно колку долго се чувствува аромата после голтањето. Колку виното е поквалитетно, толку неговиот вкус подолго ќе трае. Виното служи за уживање и тоа се дегустира во мали голтки. Но, за уживање потребно е и познавање на виното и винска култура.