Герсонова метода за лекување заболени од рак и други тешки болести | Видео

4091
Max Gerson

Методот на Герсон е сеопфатен пристап кон лекување на организмот со помош на посебна исхрана и детоксикација.

Овој метод ја подобрува природната способност на организмот за само-заздравување.
Методот на Герсон денес е една од најпопуларните природни терапии за лечење на ракот во целиот свет.

Меѓутоа, помага при многу други болести, како што се епилепсија, зависност од дроги и лекови, дијабетес, синдром на хроничен замор, артритис, срцеви и бубрежни заболувања.

Ако се користи превентивно, овој метод може да спречи многу болести и да го зачува доброто здравје.

Откривање на терапијата

Max Gerson

Овој специјален прехрамбен режим е развиен во дваесеттите години на минатиот век од страна на Max Gerson, германски лекар, роден во 1881 година во област на денешна Полска.

Бидејќи тој боледувал од мигрена чии симптоми се влошувале, а тогашната медицината не била во можност да му помогне, истрајал во намерата сам да пронајде лек за својата болест.

Истражувајќи ја достапната литература и експериментирајќи на себе, открил дека неговата вегетаријанска исхрана без сол го ослободува од силни главоболки и мачнини.

Препорачувајќи ваков тип на исхрана и на своите пациенти, случајно открил дека истиот метод на подготовка на храна лечи лупус и туберкулоза за кои тогаш немало лек.

Успехот во лекувањето на туберкулозата е потврден со клинички испитувања, и така терапијата на Герсон стана позната низ цела Европа.

Резултатите на д-р Герсон беа потврдени и од добро познати пациенти, како што се семејството на д-р Алберто Швајцер, добитник на Нобеловата награда, кој ги излечил од дијабетес, а неговата сопруга од туберкулоза.

Иако својата диета (посебна исхрана) претежно ја препишувал на пациентите со туберкулоза, се покажала истовремено, дека е успешна и во третманот на алергии, астма и крвен притисок.

Герсон сфатил дека неговата исхрана не третира одредени заболувања, туку го поттикнува метаболизмот и имунолошкиот систем да функционираат правилно и со тоа да го вратат здравјето.

Како функционира исхраната на Герсон?

Герсон ја дели храната на три групи – пожелна, повремено дозволена и забранета.
Исхраната на Герсон е прилично рестриктивна. Јадете претежно сурова и речиси целосно вегетаријанска храна.

На чинијата пожелно е да има овошје и зеленчук во големи количини.

Исто така, дозволени се портокали, лимони, јаболки, круши, праски, сливи и цреши, потоа домати, пиперки, боранија, блитва, зелена салата, кељ, брокула и црвена зелка. Повремено можете да јадете и половина банана.

Свежото овошје и зеленчукот се јадат сурови, во салати, сокови или супи.

Од невегетаријанските производи се дозволени се само јогурт и мед. Млекото и млечните производи, како и месото, се забранети.

Повремено можете да јадете ориз и малку леб од интегрален ‘рж или овес. Почесто се дозволува варен компир.

Од масло дозволено е само лененото масло.

За засладување може, а се користи јаворов сируп, мед или кафеав шеќер во количина која не надминува две лажички дневно.

Пациентите не пијат вода, туку се препорачуваат сокови. Во текот на денот треба да се пијат до 13 чаши сок.

Луѓето кои сакаат да ја поминат исхраната на Герсон мора целосно да ја исфрлат солта, бидејќи, според д-р Герсон, продирањето натриумот во клетките предизвикува многу болести.

Потребно е да се избегнат сите преработени прехранбени производи, вклучувајќи ја и замрзнатата и конзервираната храна, пушената и, се разбира, саламурената храна.

Алкохолот, кафето и сите чаеви се забранети.

Не смеат да се јадат мешунки, соја, печурки и маргарин.

Од овошјето и зеленчукот не се дозволени ананас, авокадо, бери овошје, кокос и други јаткасти плодови, како и краставици, ‘ртулци и суров спанаќ.

Терапија со сокови

Продолжува на страна 2