Зошто луѓето под стрес ја зголемуваат својата тежина

78

Ако имате проблем со килограмите, тоа може да се должи на многу фактори.

Нешто за што треба да размислите сепак е, дали се чувствувате под стрес? Во последно време живеете ли натоварен живот, моравте ли да се справите со повеќе проблеми одеднаш?

Стресот може да биде исклучително опасен за вашето здравје, вклучувајќи и да ве чини добра фигура. Вистината е дека стресните луѓе полесно можат да накачуваат тежина, а најмногу затоа што прават одредени грешки. Еве и кои се тие:

1. Се грижат излишно.

Според една неодамнешна студија, само при помислата за стресен настан во иднина, човек може да почне да се храни повеќе. Ова се објаснува со зголемување на нивото на хормонот грелин, кој е познат како хормон на гладта. Фокусирајте се на она што го правите, а не грижете се за тоа што претстои или што веќе се случило.

2. Заборавате да се храните.

На позадината на бескрајниот список со задачи, можеби само си велите дека немате време да јадете нешто и на тој начин испуштате важни оброци во текот на денот. Недостатокот на храна сепак може да го забави метаболизмот, како и да ве направи повеќе подложни на нездрава храна потоа. Ниските нивоа на шеќер во крвта, исто така може да ја намалат концентрацијата и работата да оди уште потешко отколку обично. Кога се чувствувате многу стрес, пробајте да каснете нешто малку, но задолжително корисно и заситувачко.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Продолжува на страна 2