Зошто луѓето под стрес ја зголемуваат својата тежина

1255

3. Емотивен оброк.

Обично тоа се случува кога сте премногу осетливи на емоциите и стресни ситуации во животот. Обидете се да не ја мешате здравата исхрана со нездравите емоции кои можеби ги доживуваме во даден момент. Освен тоа, не заборавајте дека корисната храна ќе ви помогне да се справите полесно со стресот и негативните чувства.

4. Не се наспивате квалитетно.

Не само што имате потреба од квалитетен сон, за да се справите со стресот, но и осумте часа во непробудна состојба на деноноќие ќе ве заштитат од зголемување на телесната тежина. Добриот сон промовира здрав метаболизам, го попречува телото да складира премногу масти и ја зголемува самоконтролата.

5. Претерувате со кофеин.

Кога човек е под стрес, на пример има напорен ден во работата, обично тој посегнува кон тонизирање на сила со чаша кафе. Според една неодамнешна студија, конзумирањето на повеќе од пет или шест шолји кафе на ден го охрабрува растењето на масти. Покрај тоа, ако консумирате кофеински пијалоци со многу шеќер и млеко, лесно можете да го надминете препорачаниот внес на калории.

6. Го пропуштате тренингот.

Повеќето луѓе немаат доволно време за сè. Ова сепак не треба да биде вашето извинување за тоа дека ќе ги пропуштите тренинзите. Всушност токму кога се чувствувате под стрес, ќе се почувствувате многу подобро по позитивното влијание на вежбите.Со нивна помош може да се заштитите себе си од анксиозност и стрес. Се разбира, придобивките од спортот врз фигурата, немаат потреба од појаснување.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.