Како да заведете женска Вага
Една женска Вага ужива да биде во центарот на вниманието и очекува да се однесувате кон неа како да е најважната личност на светот. Во колку сакате да заведете жена како оваа, прво треба да бидете добар слушател, а потоа и одличен во разговорот. Женската Вага сака да зборува за нови работи, но најмногу за себе и за нејзините интереси. Во колку ја поттикнете во овој поглед, ќе бидете неодоливи за неа.
Сексот обично им е на второ место, но тоа воопшто не значи дека не е страсна. Во текот на младоста, прилично е дива и оди од афера во афера, но како што старее, сè повеќе сака да се прибере. Женската Вага е малку мрзлива кога љубовта е во прашање, затоа морате да ја охрабрувате и да се обидете да го задржите нивното внимание. Ако успеете во тоа, ќе ве крене на пиедестал и ќе ве обожува. Ќе и бидете скапоцени, скоро онолку колку што таа е скапоцена за самата себе!
Ако сакате секс со неа, мора да дадете се од себе за да ги исполните нејзините најдлабоки желби. Однесувајте се со почит кон нејзиното тело, и никогаш нема да ѝ здосади да слуша колку е прекрасна! Бидејќи Вагата е склона кон промени во расположението, не очекувајте вашиот секс секогаш да биде ист. Напротив, таа може да биде заинтересирана секој ден, од ден на ден …. а потоа да изгуби интерес за еден месец! Не го сфаќајте тоа лично. Ова, едноставно, е карактеристика на женската Вага.
Ако имате трпеливост и сакате да ја „вратите“ од тоа променливо расположение, обидете се да ја задоволите во потполност! Се прашувате дали некогаш треба да престанете да ѝ угодувате! Не, никогаш! Таа е кралицата и никогаш не го заборавајте тоа! Исто така, не заборавајте дека ќе бидете богато наградени за таквото третирање, многу повеќе отколку што другите знаци се подготвени да направат!
Досадата е еден начините да ја загубите.
Како да сакате Вага
Продолжува на страна 5



















