ВАГА – Божица на љубовта (Жена Вага & Маж Вага)

5104

Како да сакате Вага

Бидете фер со широки гледишта. Вагата ја вреднува рамнотежата, правдината и еднаквоста. Не случајно нивниот хороскопски знак е вага.

Никогаш не ја изолирајте Вагата од друштво. Таа е една од најдруштвените хороскопски знаци, иако претпочитаат помали, поинтимни групи. Луѓето од овој знак се многу горди на своите елегантни и добри манири и уживаат со помала и избрана група пријатели.

Вагата не го дава своето срце толку лесно, но откако ќе го даде, тоа е до крајот на животот. Ако сакате Вага и таа ви ја возвраќа љубовта, вие сте исклучително среќен човек. Тие се многу чувствителни и внимавајте да не ги повредите.

Кај Вагата се е во шармот. Тие се трудат да ви угодат и да создадат романтична атмосфера и тоа треба да го цените.

Обично, првата љубов од средно училиште е нивната вистинска убов. Меѓутоа, се случува на тоа да не бидат свесни затоа што се разделуваат, а подоцна за никој да нема втора шанса.

Вагата никогаш не се враќа во минатото и нема друга можност! Ако ви даде една искористите ја и не чекајте друга! Имате само една шанса!