ВАГА – Божица на љубовта (Жена Вага & Маж Вага)

4173

Вага маж во љубовта

Машката Вага е некоја што ја пронашла тајната за совршената хармонија. Многу лесно се вљубува. Исто така, не сака игри и ако ви каже дека ќе ви се јави, тогаш можете да бидете сигурни дека телефонот ќе ви заѕвони.

Типичната машка Вага сака да задоволи, но и неа да ја задоволат. Сексот го исполнува со двојно задоволство – и да дава и да прима. Сака заведувања, предигри, а понекогаш може да чуете и валкан муабет од неа. Во спалната соба е шармантна, еднакво иста како што е и вон неа. Просто не можете да ѝ одолеете. Таа е сензуален и сентиментален љубовник.

Очекувајте да најдете кревет посеан со листови од црвена роза, шише со најквалитетно шампањско, две совршени чаши покрај креветот и миризливи свеќи низ целата соба. Машката Вага се чувствува како комплетна личност само кога е во врска и ќе даде сѐ од себе тоа да потрае. Ја цени и негува стабилноста и рамнотежата со партнерот. Непристрасна и искрена, машката Ваги секогаш ќе се труди со зборови да не ја повредат личноста која ја имаат до себе. На сите можни начини, ќе ги избегнува конфликтите и ќе спроведе мир во својот живот. Објективна е, фер и секогаш е во состојба да ги види двете страни на аргументите, исто како и женската Вага.

Понекогаш се бори со неодлучноста и нејзиниот страв, да не донесе погрешна одлука, може да ја спречи во донесување на истата. Убави и шармантни, собираат многу воздишки и погледи, каде и да се.

Целта на романтичната машка Вага е да го задоволи својот партнер на секој начин. Своето задоволство на партнерот ќе го стави пред своето, што ја прави идеален љубовник. Секој оној што ја препознава оваа доблест, сигурно ќе биде награден повеќе пати од еднаш.

Повеќето се согласуваат со Близнаци, Водолија, Стрелеци и Лавови.

Совет 

Вагите се многу романтични и уживаат во интимните моменти. Оние кои ќе се вљубат во Вага, секако бараат идеален партнер. Тие сонуваат да имаат силен, амбициозен, исклучителен и успешен партнер.

Уште еден совет – Вагите никогаш не толерираат агресија или напнатост. Попрво би седнале и би молчеле отколку да се расправаат. Не ги вовлекувајте во било каква расправија за време на првата средба.

Како да се заведе машка Вага

Продолжува на страна 3