Зошто не треба да се одложува будењето

402

Често наутро имате чувство дека не сте наспани доволно и со желба да украдете уште некоја минута од сонот го одложувате будењето.

Но колку и да ви се слатки тие 10-тина минути дополнителен сон, сепак можат да ви го уништат целиот ден, тврди Мери Карскадон, професор доктор по психијатрија и човечко однесување на Универзитетот Браун.

Имено, човечкото тело има неколку механизми за природно утринско будење. Два часа пред вашето тело да биде подготвено да се разбуди, лесно се зголемува температурата на мозокот, со цел тој полесно да се активира, а вие да се чувствувате помалку поспани. Постепено расте и температурата на телото и сонот станува полесен, бидејќи мозокот лачи хормони кортизол и допамин, кои даваат енергија за нов почеток на денот.

Но ако не сте доволно наспани, часовникот ќе зазвони во момент кога температурата на вашето тело се уште се наоѓа на нивото на онаа потребната за длабок сон. Затоа се тресете од студ кога ќе се откриете, а постелата се уште ве привлекува. Доколку тогаш, наместо сосема да го исклучите алармот, вие и понатаму продолжите да дремете за да украдете уште малку сон, вашиот мозок и тело се враќаат во состојба на поспаност. Секое ново огласување на будилникот само ја зајакнува оваа состојба, која научниците ја нарекуваат „инерција на сонот“ и која може да трае и цели четири часа по станувањето од постела.

Досегашните истражувања покажале дека ваков сон со прекини доведува во текот на целиот ден да се чувствувате уморни и мрзеливи. Научниците се согласуваат дека е многу подобро наместо често одложување на будењето, часовникот едноставно да го наместите да ѕвони 20 минути подоцна. На тој начин ќе му овозможите на вашето тело постепено да се навикнува на такво будење. Само по неколку недели, организмот самиот ќе почне да се подготвува за будење еден час порано.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.