Водич за живот | Што сѐ може да правите кога сте повторно сами

151

Водичот е наменет (главно) за припадничките на женскиот пол, зашто мажите обично имаат поинакви играчки. Но, не е лошо и тие да го пробаат…

Разделбите се секогаш тешки, без разлика на тоа кој од кого се разделил, одеднаш голем дел од вашиот живот се менува. Секакви чувства можат да испливаат на површина, од тага до чувство на вина, жалење, збунетост, страв или осаменост. Но, сега сте препуштени сами на себе и изборот е ваш. Најчесто ако сакате да ја прекратите навиката, потребно е само да прекршите неколку „правила“.

Наместо да седите дома сами пред компјутерот или телевизорот и така да го трошите скапоценото време колку за да ви помине денот, сега имате доволно слободно време да почнете да учите некој нов странски јазик. Интензивен курс! Секој нов јазик е добредојден, ако не веднаш, ќе ви затреба во иднина. Се разбира, не може да очекувате дека преку ноќ ќе станете мајстор, на пример, за кинески јазик, но и доколку стигнете до нивото „основна комуникација“ веќе сте во предност. Или зошто на пример, да не научите да свирите на некој инструмент, да фотографирате или да јавате? Никогаш нема да зажалите за тоа што сте научиле нешто ново, но ќе зажалите за работите кои не сте пробале да ги направите.

За време на викендот пробајте нешто од што ќе ви се поткрене адреналинот. На пример, рафтинг или параглајдерство. За помалку смелите, возење ролерки во паркот е одлична идеја, супер релаксација и забава без разлика дали сте спретни во тоа или не. Половина од забавата всушност е во самиот обид да научите.

Ако сте во можност, во последен миг и без посебен план отпатувајте во некој град во кој никогаш не сте биле.

Телефонирајте им на пријателите со кои се немате слушнато со месеци. Обновете го контактот со старите пријатели со кои долго не сте се виделе и како во оние тинејџерски денови, заминете со нив на некој музички фестивал под отворено небо. Или, организирајте маскенбал, зошто да не и пижама-парти во вашиот дом.

Ослободете се од сите потиснати емоции на тој начин што ќе ги „оставите“ на хартија. После тоа ќе се чувствувате неверојатно подобро.

Направите список на будалести работи кои отсекогаш сте сакале да ги пробате, ама не сте имале време. На пример, како да играте бриџ, како да направите совршен коктел, како да фрлате бумеранг, како да летате хартиен змеј…Или, разбудете го дизајнерот во себе. Купите прекрасна ткаенина и дизајнирајте ново парче гардероба. Обидете се барем по една работа да пречкртувате неделно од списокот.

Расчистете се’ што сметате дека е натрупано и непотребно во домот. Според принципите на древните кинески фенг-шуи правила, нередот го блокира протокот на нова енергија. Поместувањето на огледалото или креветот може да „повика“ добри нешта во вашиот живот. Без разлика дали верувате во фенг-шуи или не, здравиот разум ќе ви каже дека животот ви е полесен ако домот ви е уреден.

Внесете весели бои во гардеробата. Можеби црната боја е елегантна, но избегнете ја. Ако сепак не можете да облечете цветна или шарена кошула, можеби би можеле да облечете црвени чевли или жолт шал. Или „откачени“ очила за сонце.

Кога и да паднете во искушение да се сожалувате самите себе, веднаш почнете со некоја физичка активност. Теретана, фитнес или една прошетка на кејот, било-каква физичка активност од само 30-на минути го подигнува расположението и значително го намалува депресивното чувство. Најпосле вежбањето ја стимулира циркулацијата и чудесно делува на тенот.

Бидете пребирливи. Правете работи само кои ви носат задоволство и минувајте го времето само со оние луѓе со кои навистина сакате да се дружите.

Нека ви стане правило никогаш да не се каете за ништо и никогаш да не гледате наназад. Каењето е огромно расфрлување на енергија, а на него не можете ништо да градите туку само да се тркалате во лушпите на минатото. А лушпи, нели, не ви требаат, туку плодови.

makmoda.com

Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk