Родителите повеќе се плашат од тргнувањето на училиште

1958

Идните првачиња ментално треба да се подготват за училиште. Децата треба да се осамостојуваат на време, а ако постојат бурни реакции на училиштето и промени во однесувањето, треба да се реагира навремено.

ЗАМИНУВАЊЕТО на детето во прво одделение е голем настан во семејството. Но, во желба да ја нагласат важноста на образованието, многу родители со своите постапки несвесно на деца им всадуваат страв од училиштето. Ако на време и соодветно се подготват и родителите и децата, оваа животна пресвртница може да помине “лесно” и без психолошки проблеми.

Помалку ќе стравуваат и родителите и детето, ако тоа е самостојно: ако го знае патот од дома до училиштето, знае како соодветно да се облекува во однос на временските услови, да бидат сконцентрирано за време на часот, да знае кои се училишните правила и како да се прилагоди на нив.

Ако се потсетиме како детето се привикнувало до сега на нови, непознати ситуации, ќе нѝ биде полесно да претпоставиме како тоа ќе реагира на поаѓањето на училиште. Често на стравот од училиштето самите допридонесуваме. Понекогаш дури и родителите ги плашат децата со поаѓањето во училиште и со обврските што ги очекуваат, што е погрешно.

Изгледа дека стравувања од училиштето повеќе имаат родителите отколку децата – вели Весна Јањевиќ Поповиќ, училишниот психолог. Ситуацијата е дополнително комплицирана доколку самите родители имаат непријатни искуства во своето образование. Разбирливо е дека тогаш се потсетуваат на личните стравови. Добро е да се потсетиме дека сегашните услови на школување се поинакви, дека децата ќе имаат време да се прилагодат на училишниот амбиент, а атмосферата е полиберална отколку во времето на образование на денешните родители.

Сепак, за детето без поголеми проблеми да го прифати почетокот на школувањето, треба да биде соодветно подготвено на самостојност и одговорност. Ако детето не е доволно изложувано на мотивација, со оглед на тоа дека училишната ситуацијата е поинаква од семејната, може да се случи да реагира бурно на поаѓањето на училиште. Без оглед на тоа дали станува збор за промени во однесувањето, за агресивност или за повлекување во себе, тоа не смее да се игнорира.

– Од различни причини, децата значително можат да го променат однесувањето. На нив може да влијае поголемо ниво на бучава, на строгост на барања, искуството дека не е толку важен во училиште. Различните односи со врсниците отвораат многу можности за другарство, позитивен развој, но и за конфликти. Се случува да го “трансформираат” мирниот првоодделенец во некој што е склон на судири. Некои деца, исто така, тешко се здобиваат со социјални вештини, па и тоа може да го попречи почетокот на школувањето – смета Весна Јањевиќ Поповиќ.

Ако се работи за страв од училиштето добро е да се поразговара со експерти. Најнапред треба да се позборува со наставникот, но и со психологот, педагогот, училишниот лекар, заеднички да се направи стратегија за поддршка на детето и ако е потребно да се вклучат експерти надвор од училиштето. Ова е особено важно кога станува збор за повозрасните деца кои одамна го поминале периодот на навикнување на училиштето. Ако е стравот кај ученикот таков да го попречува секојдневниот живот, тоа е сигнал дека треба да се обратите за стручна помош.

Подготви педагог Виолета Крстевска Васиќ