На светот му се заканува апокалипса, но не онаа на која сте помислиле | Видео

729

Појавата на бактерии отпорни на антибиотици во човечкото тело стана глобален проблем. Експертите предупредуваат дека современата медицина би можела да доживее крај ако не дојде до големи промени.

Според податоците на Центарот за контрола на болести, во САД во моментов живеат 2.000.000 луѓе кои се инфицирани со бактерија отпорна на антибиотици, а 23.000 луѓе годишно умираат заради оваа бактерија. Тоа значи дека антибиотиците кои се користеле со децении за борба против бактериите и други микроорганизми, во случајот на овие луѓе, станале бескорисни. Научниците предвидуваат дека бројот на заразени може да се зголеми до 10 милиони на глобално ниво во текот на следните 30 години, ако сегашната стапка продолжи.

“Ако не делуваме брзо, навистина ќе се соочиме со ужасна пост-антибиотска апокалипса”, предупредува професорот Дејм Сели Дејвис, висок функционер на британското Министерство за здравство, на конференцијата во Берлин. “Јас не сакам да им кажам на моите деца дека не направив сѐ за да ги заштитам”, додаде докторот.

Дејвис креирала план кој вклучува кампања во Велика Британија која има за цел да им сугерира на пациентите да не бараат рецепти за антибиотици од своите доктори. Таа посочила дека пациентите често мислат дека лекарите се “зли” кога одбиваат да препишат антибиотици. Истражувањето кое таа го спроведе покажало дека јавноста мисли, дека лекарите сакаат да заштедат пари. Она што стои зад тоа е обид на лекарите да се намали бројот на нови пациенти, спречување на понатамошен развој на бактерии отпорни на антибиотици како и чување резерви на антибиотици со цел да се користат само кога за тоа постои вистинска потреба.

Дејвис смета дека премногу често лекарите препишуваат антибиотици на пациентите со настинки и вируси, иако антибиотиците не помагаат во лекувањето на вирусот. Таа уште еднаш предупредува дека нешто мора итно да се преземе во врска со ова прашање.