АКО ПОСТОЈАТ „МАЛИ ЗЕЛЕНИ“, ТОГАШ СЕ ТАМУ | Научниците идентификувале место каде што би можеле да се кријат вонземјани

203

Ако веќе знаеме каде би можеле да се кријат, зошто сè уште не сме налетале на вонземјани?

Американски научници, со помош на компјутерски симулации, успеале да идентификуваат место каде што можат да се кријат вонземјани. Веројатно се наоѓа, како што велат, во мистериозниот центар на нашата галаксија.

Се разбира, ова не значи дека „малите зелени“ навистина постојат, но само претставува потенцијал за понатамошно истражување на вонземски живот.

„Центрите на галаксиите ветуваат насоки кон кои треба да одиме ако сакаме да знаеме нешто повеќе“, напишале научниците од Универзитетот Колумбија во нивниот неодамна објавен труд.

Тие исто така објасниле како развиле компјутерски модели кои треба да откријат како вонземскиот живот може да се прошири низ вселената.

За колонизација на галаксијата милијарда години

Претпоставиле дека нивната цивилизација користи вселенски бродови кои се движат со брзина споредлива со нашите всленски летала (29 километри во секунда). Постои можност да се најде нова област погодна за живот и да се колонизира во рок од 100.000 години. Целата галаксија може да биде колонизирана во рок од милијарда години, пишува The Sun.

Овие бројки можеби изгледаат огромни, но, како што истакнуваат авторите на студијата, Млечниот пат е стар 13 милијарди години, така што она што се споменува е само мал дел од неговиот „живот“.

И зошто сè уште не сме ги сретнале?

Ако веќе знаеме каде можат да се кријат, зошто сè уште не сме налетале на вонземјани? Како што тврдат истражувачите, има многу причини за ова.

Можно е нивните колонии, ако се обидат, да умрат пред да стигнат до нас. Исто така е можно нивната цивилизација да не сака да воспостави контакт со другите.

Резултатите од ова истражување можат да бидат од помош и за НАСА, која наскоро ќе го лансира својот вселенски телескоп James Webb. Неговата главна задача ќе биде да бара знаци на вонземски живот.