Vadim Zeland – “Колку повеќе сакаш, толку помалку добиваш” | Психологија на успехот

2139

Објавено August 13, 2017. Прочитано 52949

“Многу сакаш – малку добиваш.” Ова детско потсмевање има основа. Јас само би ја преформулирал вака: “Колку повеќе сакаш, толку помалку добиваш.”

Кога премногу сакате нешто да добиете, толку многу што сте подготвени да ставите сè на таа карта, создавате огромен вишок на потенцијали, и ја нарушувате рамнотежата. Рамнотежните сили ќе ве стават на линијата на животот, каде што не постои аспект на предметот на вашата желба.

Ако би го опишале однесувањето на човекот, опседнат со желба, на енергетско ниво, тогаш таа би изгледала отприлика вака. Свињата се обидува да фати сина птица. Таа навистина сака да ја фати, при тоа се оближува, гласно гровта и ја копа земјата со нетрпение.

Се разбира, птицата ќе одлета. Кога фаќачот, би одел покрај сината птица со израз на рамнодушност, тогаш би имал одлична шанса да ја фати за опашка.

Три форми на желба

Можат да се издвојат три форми на желби:

Првата форма

Кога силна желба преминува во цврста намера да се има и кога се делува. Тогаш желбата се исполнува. Потенцијалот на посакување при тоа се растура, бидејќи неговата енергија оди на дејство.

Втора форма

Е неактивна мачна желба, што само по себе претставува вишок на потенцијал во својата најчиста форма. Тоа виси во енергетското поле, а во најдобар случај, бескорисно ја троши енергијата на оној што страда, а во најлош случај, привлекува разни непријатности.

Третата форма

Е најитра, кога силната желба преминува во зависност од предметот на желбата. Големата важност автоматски создава однос на зависност. Односот на зависност создава вишок потенцијал, кој предизвикува исто така силно противдејствие на рамнотежните сили.

Обично се создаваат односи од овие видови:

  • “Ако тоа го добијам, мојата позиција ќе биде многу подобра.”

  • “Ако не го добијам тоа, мојот живот губи секоја смисла.”

  • “Ако тоа го направам, на сите ќе им покажам колку вредам.”

  • “Ако не го сторам тоа, не вредам ниту грош”.

  • “Ако тоа го добијам, ќе биде многу добро.”

  • “Ако не го добијам тоа, ќе биде многу лошо.”

И така натаму, во различни комбинации.

Ако се вклучите во однос на зависност од предметот на желбата, ќе бидете вовлечени во таков насилен вител, каде што едноставно ќе бидете нокаутирани во борба за она што го сакате. На крајот, нема да се постигне ништо и ќе отстапите од својата желба. Рамнотежата е воспоставена, а на рамнотежните сили апсолутно не им е грижа што сте претрпеле поради тоа. А тоа се случило затоа што силно сте сакале посакуваното да го постигнете. Желбата се нашла на еден тас на вагата, а сèто останато на другиот.

Исполнувањето се постигнува само во првата форма, кога желбата се претвора во чиста намера, без вишок потенцијали. Сите сме навикнати дека за сѐ на овој свет треба да се плати, ништо не се одбива на дадено. Всушност, ние плаќаме само за вишокот на потенцијалите кои сами ги создаваме.

Во огромното пространство на варијанти сето тоа е бесплатно.

Ако веќе се изразуваме со такви термини тогаш, како отплата за исполнување на посакуваното е отсуството на значењето и односот на зависност.

Со цел да се премине на линија на животот, каде посакуваното се претвора во реалност, доволна е само енергија на чиста намера. За намерата ќе дискутираме подоцна. А сега, само да напоменеме дека чиста намера – е единство на сакање и дејство со отсуство на значење. На пример, намерата да се оди до киоскот за вестниците, е чиста.

Ако за вас некој настан е од големо значење, толку е поголема веројатноста од неуспехот. Ако му давате многу големо значење на тоа дека имате и многу се грижите за него, тогаш, најверојатно, рамнотежните сили ќе ви го одземат тоа. Исто така, ако тоа што сакате да го добиете, многу ви значи, тогаш веројатно нема да го добиете. Неопходно е да се намали скалата на значењето, важноста.

Продолжува на страна 2