Психолозите предупредуваат | Вакво однесување на децата не треба да се толерира – сосечете го во корен!

1470

Објавено August 27, 2017. Прочитано 133590

Во што е твојот проблемот?

Ако му дозволите премногу, детето ќе продолжи да ве гази, додека не го изгубите авторитетот.

Родителите често ги оправдуваат лошите навики и постапките на детето, бидејќи веруваат дека тие се само фази кои наскоро ќе поминат. Сепак, постојат ситуации во кои мајките и татковците треба веднаш да реагираат, пишува Yumama.

Психолозите предупредуваат дека следните проблеми во однесувањето кои никако не треба да ги игнорирате, бидејќи вашите деца ќе страдаат од последиците кога ќе пораснат …

Детето ве прекинува додека зборувате

  • Зошто не треба да се игнорира

Вашето дете е многу зборлесто и сака постојано нешто да каже или да праша, а со тоа постојано го прекинува вашиот разговор со другите луѓе. Психолозите советуваат дека е потребно да го науучите вашето дете да не го врти премногу вниманието на себе и дека треба да биде толерантно и да им даде шанса на другите да зборуваат. Овој проблем треба да се искорени уште кога децата се мали, за да не го усвојат ова однесување и да имаат проблеми во текот на растењето.

  • Како да се реши

Ако сте со пријатели или имате гости кажете му на детето пред посетата да не ве вознемирува, додека разговарате, освен ако ситуацијата не е итна (или нека барем почека додека не ја завршите реченицата). Осигурајте се додека зборувате, детето да прави нешто забавно на страна, но ако не сака да се оддели од вас, тогаш објаснете му да седи мирно. Задолжително откако ќе завршите со разговорот, дозволете му на детето да ве праша или да ви каже што сакал.

Детето е насилно во текот на играта

  • Зошто не треба да се игнорира

Ако вашето дете, кога игра со други деца постојано турка, штипе или одзема работи, јасно е дека имате проблем со агресивно однесување. Ако тоа не го спречите детето додека е мало, психолозите истакнуваат дека веќе од 8 години потешко е да се воспитува агресивно дете и да му се укаже на неговите грешки. Ако не реагирате на време детето ќе го прифати насилството како оправдан начин на однесување.

  • Како да се реши

Кажете му на вашето дете дека не смее да се однесува агресивно и прашајте го како би се чувствувало ако некој така се однесува кон него. Кажете му дека ќе прекине со играта, ако продолжи со агресивното однесување. Задолжително помогнете му на вашето дете да го исфрли гневот и вишокот на енергија од себе, на пример, запишете го на некој спорт. Ако видите дека не сте во состојба сами да го искорените агресивното однесување, тогаш е веќе потребно да се консултирате со психолог.

Се прави дека не ве слуша

  • Зошто не треба да се игнорира

Ако на вашето дете му повторите по неколку пати, да ви донесе нешто или да ги собере играчките, а тоа не реагира, тогаш веќе имате проблем. Никако не попуштајте и сами да го направите она што сте го побарале од детето, затоа што детето така ќе смета дека може да ве контролира во секоја ситуација. Ако не го спречите таквото однесување, неизбежно вашето дете ќе стане пркосно и ќе ја изгубите контролата врз него.

  • Како да се реши

Ако вашето дете не ве слуша и по третото предупредување, пријдете му, ставете ги рацете на неговите рамена, изговорете го неговото име и малку погласно кажете му што треба да направи. Повторувајте сè додека детето не послуша, така ќе му покажете дека вие сте тие кои контролирате, а не детето.

Продолжува на страна 2