Психолозите предупредуваат | Вакво однесување на децата не треба да се толерира – сосечете го во корен!

1499

Детето ги зема стварите без да праша

  • Зошто не треба тоа да се игнорира

Во ред е ако детето сака да се почести со чоколадо, понекогаш без прашања го вклучува ТВ или ќе седне на компјутер. Меѓутоа, ако детето почесто зема ствари кои ги сака и го прави она што го сака, не ги почитува вашите правила, тогаш ќе имате неволја, кога ќе порасне. Дете кое знае дека сè што сака му е на дофат и достапно, нема да ги знае границите и вашите правила ништо нема да му значат кога тој ќе стане тинејџер.

  • Како да се реши

Разговарајте со вашето дете за правилата кои секогаш мора да се почитуваат. Ако сте се договориле со детето да не гледа телевизија пред да заврши со домашната работа, тогаш по прекршокот на договорот задолжително зборувајте. Не дозволете вашите правила често да се кршат, затоа што тоа ќе им премине во навика.

Детето зазема лош став

  • Зошто не треба да се игнорира

Ако вашето дете “преврти” со очите кога ќе го критикувате или ви се потсмева и ги повторува вашите зборови, никако не го игнорирајте ова однесување. Многу родители сметаат дека ова е само една од фазите на растењето и дека ќе помине, но ако тоа не го спречите вашето дете ќе продолжи со таквото однесување. Нема да има таков став само пред вас, туку и пред други возрасни лица и наставници, затоа што ќе мисли ако вие го толерирате, дека и тие ќе го толерираат.

  • Како да се реши

Објаснете му убаво на детето дека таквото однесување е неприфатливо. Ако детето продолжи со истото однесување, тогаш кажете му дека тоа покажува не почитување кон вас и дека нема да го сослушате сè додека не почне убаво да ви се обраќа.

Детето премногу лаже

  • Зошто не треба да се игнорира

Никој не треба да ја попречува детската фантазија, но ако детето лаже основни работи за себе, тогаш време е да се реагирате. Психолозите предупредуваат дека премногу лаги кај малите деца можат да влијаат врз нив, така што никогаш нема да прифатат кои се тие навистина, туку постојано ќе лажат и ќе мислат дека тоа е прифатливо.

  • Како да се реши

Објаснете му на детето дека е погрешно да се лаже и дека секогаш треба да ја каже вистината, дури иако вистината е лоша. Научете го дека ако постојано лаже повеќе никој нема да му верува и обидете се тоа да го направите на личен пример. На пример, ако детето често лаже, кога ќе ви каже дека ги измило забите, натерајте го да ги измие повторно, затоа што не му верувате и така ќе ја разбере лекцијата.

Подготви педагог Виолета Крстевска Васиќ