
На пример, полудевте заради својот нов автомобил. Дувате од него и зрно од прашина, го штитите, се грижите, се плашите да не се изгребе, во принцип, се грижите за него и го обожувате. Како резултат на тоа, се создава вишок потенцијал. Затоа што на автомобилот му дадовте многу значење. А всушност, во енергетското поле, неговото значење е еднакво на нула. Како резултат на тоа, и за жал, рамнотежната сила наскоро ќе најде глупак за вас, кој ќе го осакати вашиот автомобил. Или вие самите, бидејќи сте премногу внимателни, некаде можете да застанете. Треба да престанете да го обожувате својот автомобил и да почнете да се однесувате кон него обично, нормално, и опасноста за него, тогаш нагло ќе падне. Обично однесување, не значи немарно однесување. Можете совршено да се грижите за автомобилот без да правите идол од него.
Постои уште еден аспект на силна желба нешто да се има. Постои перцепција дека ако навистина сакаш, тогаш сѐ може да се постигне. Се чини, дека може да се претпостави дека силното посакување ќе се префрли на линијата на животот, каде што тоа и ќе биде исполнето. Сепак, тоа не е така. Ако вашата желба се претворила во зависност, еден вид на психоза, хистерична желба да го добиете по секоја цена, значи дека во душата не верувате во неговата реализација, според тоа, пренесувате радијација со “силни пречки”. Бидејќи не верувате, се трудите со сите сили да се убедите, пумпате уште повеќе потенцијал.
На “животното дело” може да биде бескорисно потрошен целиот живот. Единственото нешто што можете да направите – е да ја намалите важноста на целта. Да одите кон својата цел, како до киоскот за вестници.
Логично е, силната желба да се избегне нешто, продолжува со незадоволството на опкружувањето, со светот и со самите себе. Колку е посилна вашата желба да се избегне нешто, толку е поголем вишокот на потенцијалот. Колку повеќе тоа не го сакате, толку е поголема веројатноста да се соочите со тоа. Рамнотежните сили не ги интересира како ќе се постигне рамнотежата. А таа може да се постигне на два начина: или да се оддалечите од судирот или да се судрите. Подобро е свесно да се оддалечите од непријатноста, за да се избегне создавањето на потенцијалот. Но, тоа не е сѐ. Кога мислите за она што не го сакате, вие лачите енергија на фреквенцијата на таа линија, така што сигурно тоа ќе се случи. Секогаш го добивате она што активно не сакате.
Буквално се случува следната слика. Еден човек е на прием во амбасада, сите околу него се љубезни, со добри манири, избалансирани. И одеднаш тој почнува диво да мавта со рацете, удира со нозете и очајнички да вика дека не сака да биде веднаш исфрлен од таму. Се разбира, се појавува обезбедувањето, лудакот го фаќаат под раце, тој се спротивставува и вреска, но веднаш го исфрлаат надвор. Тоа е претерана слика на реалноста, но на енергетско ниво сето тоа се случува со интензитет на иста таква сила.
Да разгледаме уште еден пример. На пример, среде ноќ ве разбудила врева од кај соседот. Сакате да спиете, утре треба да одите на работа, а забавата е во полн замав. Колку повеќе сакате таа да заврши, поголема е веројатноста дека ќе потрае уште долго време. Колку повеќе ќе се лутите, забавата ќе биде повесела. Ако доволно ги мразите, може да се гарантира дека такви ноќи ќе има се почесто.
За да се реши даден проблем може да се примени метод на исчезнување или гаснење на нишалото. Гаснењето ќе се случи во случај, ако се однесувате кон состојбата со иронија. Кога ќе можете целосно да ја игнорирате, без да манифестирате емоции и интерес. Тогаш нишалото ќе исчезне, и потенцијалот нема да се појави. Да речеме дека сознанието дека имате избор ви дава мир, и дека знаете како да го користите. Наскоро соседите ќе се смират.
Еве како тоа функционира, можете да проверите.
Сега можете да анализирате каде самите сте претерале во значењето и какви проблеми сте добиле како резултат на тоа. Ако работите се навистина лоши, плукнете на важноста, тргнете се од односот на зависност и упорно емитувајте позитивна енергија.
Што е полошо, толку е тоа подобро. Така може да се оцени ситуацијата, ако мислите дека сте претрпеле големи загуби. Радувајте се! Во тој случај, силите на рамнотежа се на ваша страна, бидејќи нивната задача е да го компензираат лошото со добро.
Цело време, тоа не може да биде лошо, како што не може да биде во секое време ниту добро. На енергетско ниво, тоа изгледа отприлика вака. Ве нападнале, пцуеле, ви зеле сè, ве тепале, а потоа ви подметнале торба со пари. Колку поголема штета сте доживеале, толку повеќе пари ќе има во торба.
© Vadim Zeland
Преведен текст од econet.ua


















