Да, децата се радост и бескрајна среќа, но понекогаш можат да нѐ исфрлат од такт. Најчесто тоа се ситуации кога тие тргнуваат хистерично да плачат или да врескаат од бес. Ниту еден, дури и нaјнежниот родител не е во состојба да го толерира тоа.
Некои родители се користат со тактика “викни”. Но, мора да се признае дека овој метод не е успешен сосема.
Постои еден начин кој ви помага брзо да го смирите детето. Тоа може да се примени на сопствените деца, но и со други деца, на пример, во училишe или во градинкa.
Методот ќе биде корисен во следниве случаи, ако:
– Детето е премногу гласно
– Се кара
– Ги игнорира молбите на возрасните
– Не сака да слуша што зборувате.
Наместо да го игнорирате детето, трик, за кој зборуваме, е едноставен, но исклучително ефикасен: едноставно треба да му се приближите на вашето дете!
Еве што треба да правите:
Доволно е да му се приближите на налутеното, нервозно дете, да го гушнете, или да му ставите рака на неговото рамо. Да го погледнете во очи и да побарате што му пречи. Тоа е се!
Во 90 отсто од случаите ова делува веќе во првите секунди, и помага да се зачува мирот.



















