
Занимливости за левораките
■ Левораките се побројни меѓу децата чија интелигенција е поголема од 131.
■ Левораките имаат три пати поголеми шанси да станат алкохоличари, затоа што ја користат десната страна на мозокот, помалку толерантна за алкохолот.
■ Постојат двапати повеќе левораки мажи отколку жени.
■ Левораките мажи 15 проценти се побогати од деснораките кои завршиле средно училиште, а 26 проценти од оние кои дипломирале на факултет.
■ Ако двајцата родители се левораки, шансите нивното дете да биде леворак се 50%. Во исто време, и двајцата родители кои пишуваат со десната рака имаат само 2 проценти шанса да добијат леворако дете.
■ Повеќе од 2500 левораки умираат секоја година поради употребата на предмети приспособени кон деснораките.
■ Тие достигнуваат сексуална зрелост 4-5 месеци подоцна од деснораките.
■ Левораките лица кои доживуваат мозочен удар побрзо се опоравуваат.
■ Постои колеџ во Пенсилванија, единствен таков во светот, каде што се обучуваат левораки лица.
■ Десната рака ја симболизира машката енергија, а левата женската.
■ Деснораките живеат околу 9 години подолго од левораките.
■ Четири од петте компјутерски дизајнери на Macintosh биле леваци.


















