Тајната на левораките лица

2808

Maria Skłodowska-Curie

Предноста на изненадувањето

И покрај тој приспособлив хендикеп, природната селекција не успеала да ги елиминира левораките. Тој парадокс заинтересира тим на истражувачи кои велат: “Левораките треба да имаат адаптивна предност која им овозможува да го компензираат дејствувањето на својот недостаток”.

Предноста која мора да постои во сите култури и отсекогаш, во колку се сака да се објасни константниот однос на деснораките и левораките низ целата позната историја на човештвото.

Која е предноста? “Изненадувањето”, одговараат истражувачите.

Изненадувањето кое леворакиот му ја приредува на десноракиот во меѓусебна борба! Тоа е хипотезата која споменатите научници ја предлагаат – предноста на левораките е, во нивната мала бројност! Десноракиот секогаш е поподготвен да се соочи со друго деснорако момче и да ја следи десната рака на својот противник.

Напротив, тој ќе биде помалку вешт во отфрлањето на ударите на некој леворак, кој, според тоа, се чини дека има поголема веројатност да излезе од конфликтот како победник!

Таа победа значително ќе ја подобри неговата општествена положба и ќе му овозможи полесно да се доближи до жените, со што ќе ги зголеми шансите за продолжување на својата лоза или посигурно ќе осигура подигање на своето потомство, ако го има.

Истражувачите наведуваат добро познат пример кај Индијанците од Јаномамо, чии војни се насочени кон запленување жени од други племиња. Оваа појава доаѓа до израз низ целата историја на човештвото. Дали таа сè уште има некое значење во нашиот современ живот?

Не е исклучено дека предноста на левораките се манифестира во блиска борба или во борбата при влегување во судир, за што свдочат бројни современи воени епизоди. Исто така, би било интересно да се изучи однесувањето на левораките во различни ситуации кога победата во физичка конфронтација носи еднакво почитување. За да ја тестираат оваа хипотеза, истражувачите го проучувале учеството на левораките во ситуации каде што борбените вештини се одлучувачки.

Се одлучиле за анкета меѓу студентите спортисти, водејки се со идејата дека некои спортови во играта воведуваат взаемна акција во блиска средба. Тоа е, се разбира, случај во боксот, џудото или мечуването; но, исто така, и во тенисот, пинг-понгот, во тимските спортови, како што се рагбито и кошарката, каде што видот на раката фаворизира некои играчи, во зависност од нивното место на теренот.

Како критериум, истражувачите ја одбрале раката со која се фрла, која може да има помало културно и образовно влијание од раката со која се пишува. Тоа е логичен избор, бидејќи станува збор за функционална предност поврзана со виталните движења на стрелач или борец. Резултатите се непобитни: кај студентите спортисти, левораките се почести отколку кај општата популација.

Таа тенденција е уште поочигледна кога ја гледаме спортската елита: кај тенисерите наоѓаме 15% од левораките, 23% кај боксерите, 32% кај пингпонгарите и до 50% кај мечувалците. Во исто време, не се забележува разликата помеѓу општата популација и оние кои се занимаваат со спорт, каде што нема директна конфронтација со противници, да речеме, пливање или куглање. Иако повеќето луѓе веруваат дека одлуката за тоа која рака во секојдневниот живот ќе биде примарна, претставува работа на личен избор, но тоа не е случај.

Напротив, во прашање е внатрешната посветеност на секоја личност. Кој знае, можеби токму вие сте потенцијално наклонети да ја користите левата рака, иако со десната рака пишувате цел живот. Можеби ова придонело од мали нозе родителите да ги насочуваат децата да се прилагодат на деснораките …

Продолжува на страна 6