
Главни улоги
Левораките одиграле клучна улога и во многу војни во човечката историја. Легендарните команданти како Александар Македонски, Јулиј Цезар, Наполеон и неговата сопруга Жозефина, биле левораки.
Микеланџело ја обликувал познатата скулптура на Давид така што во неговата лева рака ставил прачка со која Давид морал да го победи Голијат. Во Библијата постои забелешка за околу 700 левораки кои непогрешливо гаѓале одредена цел.
Левораките отсекогаш имале безмалку посебно место. За нив велат дека се индивидуалисти, бунтовници кои од најраното детство одбиваат да се однесуваат како “остатокот од светот”. На кратко, луѓето кои не се сосема “нормални”. Денес, наставниците и родителите им овозможуваат на левораките деца да се, без да им се попречува, однесуваат во склад со својата природна склоност. Но, и покрај тоа, тие не се побројни отколку порано. Тие сѐ уште се во малцинство и ги има максимум 10-13 проценти.
Многу експерименти со глувци, мачки и шимпанза, покажале дека или ги користат двата екстремитети, но ако фаворизираат еден, меѓу нив е еднаков бројот на левораките и деснораките.
Тогаш, какво е потеклото на доминацијата на деснораките кај човекот?
Одговорот на ова прашање бара најсовремени знаења од антропологијата, неврологијата и генетиката. Тој дисбаланс десно – лево не е од вчера. На пример, археолозите забележале знаци на користење на десната рака на орудието кое им припаѓало на древните луѓе, пред повеќе од 30.000 години. Се чини, дека само неколку предмети припаѓале на левораките. Некои палеонтолози забележале преовладувачка доминација на деснораките од пред 1,9 милиони години. Влијанието на културата, се чини, дека не е доволно за да ја објасни таа доминација.
Секако, ниедно општество не наметнува употреба на левата рака, додека многу од нив тоа го осудуваат. Наклонетоста на десната рака понекогаш се противи на секоја логика, бидејќи арапските земји, на пример, имале голем интерес да ја фаворизираат левата рака, барем кога станува збор за пишувањето, бидејќи тоа се обавувало од десно кон лево. Сепак, арапските калиграфи најчесто се деснораки.
Сепак, и покрај проблемите со учењето, а понекогаш дури и притисоците, левораките сѐ уште се тука. Затоа прашањето е двојно: зошто деснораките се толку бројни и зошто левораките, иако во малцинството, сè уште постојат?
Продолжува на страна 4


















