Тајната на левораките лица

2808

Mozart & Beethoven

Леви контроли за деснораки

Психолошкото потекло на оваа појава останува непознато. Се настојувало да се воспостави врска со функциите на нервите распоредени во десната и левата половина на мозокот. Моторичките наредби за десната рака се поставени во левата хемисфера, како и нервните центри на говорот.

Понекогаш, кај левораките, се забележува доминацијата на десната хемисфера, кога е во прашање говорот. Но, тоа не е толку често да може да се заклучи дека постои физиолошка поврзаност меѓу говорот, што е карактеристика на личноста на човечкиот род и склоноста кон употреба на левата или десната рака.

Од друга страна, нашето познавање на сите финеси на развојот на мозокот сè уште е недоволно. Што се однесува до теоријата дека левораките се покреативни од деснораките, тоа е попопуларно верување од научната реалност, велат научниците.

Но, досега, најмногу од сè, нема објаснување зошто левораките претставуваат помал, но стабилен дел од населението. Дали можеби тоа е генетска појава?

Фамилијарниот трансфер на склоноста за која зборуваме е доволно да се запрашаме каква улога имаат гените во овој поглед.

Зошто леворакоста треба да се одржува без да се наметнува?

Бидејќи 90 проценти од човештвото е деснорако, додека приматите подеднакво се служат и со левите и со десните екстремитеит или се еднакво деснораки односно левораки, може да се каже дека да се биде деснорак е ознака на нашиот вид. Затоа, влијанието на генот не може да се порекнува.

Се чини малку веројатно дека еден ден ќе успееме да утврдиме дали склоноста кон левата рака треба да се поврзе попрво за посебната генетска конфигурација, отколку за имитирање на родителите и роднините. Како и да е, оваа склоност е наследна: помалку од 10 проценти од децата од мајката и таткото деснораки се левораки, а повеќе од 35 проценти од децата со левораки родители и самитен се левораки.

Карактеристиката која така се пренесува, дури и кога не е исклучиво генетска, во состојба е да се развива низ генерации поради промените во околината. Од еволутивна гледна точка, неутралното својство кое не дава никаква предност ниту го попречува прилагодувањето, не е предмет на селекција.

Ако таков случај е со нагласена склоност кон една или друга рака, процентот на левораките и деснораките ќе треба да се разликува од едната до другата група, како и кај други неутрални карактеристики, како што е случај со крвните групи.

Ако, според тоа, леворакоста значи предност, таа би била генерализирана. Спротивно на тоа, целосно би исчезнала, ако би претставувала хендикеп. Прашањето е, според тоа, зошто се одржува, а при тоа да не се наметнува.

Со проучувањето на леворакоста кај населението, некои љубопитни научници ги истражувале ефектите на годините врз таа особеност. ИЗНЕНАДУВАЊЕ: процентот на леворуките опаѓа со годините на спектакуларен начин, и тоа од 16% во изминатите десет години до 0 проценти во осумдесеттите години, според некои студии.

Најсигурни од овие истражувања се однесуваат на повеќе од еден милион луѓе и дава варијација од 16% во десеттите до 4% во осумдесеттите години. Дали тоа значи дека луѓето како што стареат ја менуваат претпоставената рака?

Социјалната присила е моќна: сите алатки се поставени за деснораките, малтретираните левораки луѓе даваат до знаење дека промената е можна. Но, таа промена е плод на интензивно учење, особено во раните години. Определбата за десната, односно левата рака се манифестира во првите години на животот и скоро е невозможно да се промени тоа кај детето по деветата или десеттата година.

Од друга страна, слободниот однос во изборот на раката при писување, во последните дваесет години, не значително го промени односот меѓу десноракото и леворакото население. Ако социјалниот притисок не го објаснува речиси целосното исчезнување на левораките луѓе, тоа би значело дека во просек, левораките можат да се надеваат на полош живот од деснораките.

Всушност, се чини дека на левораките во животот им оди малку потешко. Многу истражувања покажуваат дека, во однос на деснораките, левораките се почесто помали, подоцна влегуваат во пубертетот, трпат различни непријатности во развојот, почесто имаат некои болести, најчесто се алкохоличари или шизофричари, а забележано е дека меѓу левораките има повеќе пелтечење.

Продолжува на страна 5