СОВЕТИ КОИ ЗЛАТО ВРЕДАТ | Родители, во овие ситуации на вашите деца мора да им кажете “НЕ”

1432

7. Кога патуваат со авион

Авиокомпаниите имаат посебни правила за однесување во нивниот авион и децата мора да се придржуваат кон тоа. Децата не смеат да го удираат седиштето пред себе, да го подигаат и спуштаат столчето на седиштето пред себе и да бидат гласни.

“Тоа е заеднички простор”, објаснува Маркам, и додава дека патувањето со авион е исцрпувачко за било кого, и дека со децата повремено треба да се прошета со цел да им биде полесно.

8. Кога ги учите на интеракција со странци

Како возрасни ние постојано разговараме со странци и Маркам вели дека е препорачливо на децата да им се објасни дека има и добронамерни странци. “На повеќето може да им се верува”, рече Маркам.

Меѓутоа, на децата мора да им се каже дека ни под кои услови не можат да одат некаде со некоја личност која не ја знаат и со возрасна личност со која не сакате да оди некаде.

9. Кога вашето дете ќе испланира некоја активност со пријател

Семејството Маркам има правило – не е дозволено да се поништи договор ако добиете подобра понуда. “Треба да се грижите за другото лице”, вели докторката.

На пример, Маркам вели дека ветувањето за подобра забава, тамам и да е тоа активност која ја обожавате, не може да послужи како причина за откажување на постојниот договор. “Ако сте се договориле нешто со еден пријател, а другиот ве бара надвор за сладолед, мора да го одбиете или во таа активност да го вклучите и пријателот со кој прво сте се договориле.”