2. Кога вашето дете предизвикува некому одредена болка
Децата од предучилишна возраст не разбираат дека на кучето или мачката им нанесуваат болка, но ако се на возраст кога разбираат, тогаш треба јасно да им се каже дека таквото однесување не е прифатливо. Маркам, вели дека родителите треба да ги учат децата да се соживуваат со оние кои трпат болка и на нивните деца да им зборуваат дека треба да бидат добри кон сите.
3. Кога сведочат или учествуваат во злоупотреба
“Ако некој се однесува лошо кон друго дете – дури и ако тоа лице е вашиот добар пријател, а лицето кон кое се однесува лошо е некој кој не ви се допаѓа – не се приклучувајте кон злоупотребата”, вели Маркам и ги советува родителите така да се постават во таа ситуација.
4. Кога вашето дете уништува нечии работи
“Не можете да влезете во собата на братот или сестрата и да искршите нешто само затоа што сте лути на него”, објаснува Маркхам. “Туѓите работи мора да се почитуваат.”
5. Кога вашето дете ќе се соблекува на јавна површина
Во нашето општество непристојно е да се биде гол во јавноста откако лицето ќе наполни четири години, вели Маркам, и додава дека до тоа треба да се држат и родителите и децата.
6. Кога се однесуваат несоодветно во ресторан
Ако вашите деца не можат да се придржуваат до правилата на ресторанот во кој одите, тогаш не ги носите со себе. Маркам вели дека децата најверојатно ќе им пречат на келнерите и дека некој веројатно ќе им стапне на нога. Другите посетители во ресторанот заслужуваат да јадат во мир, така што родителите треба да им кажат на своите деца што се очекува од нив.
Продолжува на страна 3



















